Папата се моли за екипажот на исчезнатата аргентинска подморница

Папата се моли за екипажот на исчезнатата аргентинска подморница

Папата Фрањо се моли за 44 членови на екипажот на исчезнатата аргентинска подморница – стои во пораката која ја потпиша Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин.

Имено подморницата „Сан Хуан“ исчезна минатата среда, на 15 ноември 2017 година, во Атланскиот океан. Во пораката стои дека Папата е близу до членовите на семејствата како и на воените власти, доверувајќи ги сите на Блажена Дева Марија и поделувајќи им на сите благослов. Светиот Отец исто така ги охрабри сите оние кои трагаат по исчезнатата подморница.

Додаваме на крајот дека потрагата за подморницата „Сан Хуан“ и 44 членовите е отежната заради лошите временски услови и безбедносните услови.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот