Во петок 3 април 2020 година, петата седмица од Великиот пост, односно т.н. Жален петок, светата Литургија која папата Фрањо ја служеше во домот „Света Марта“ ја посвети на Жалната Богородица. На почетокот своите мисли ги упати кон времето после пандемијата, и истакна дека има луѓе кои веќе сега почнуваат да мислат на тоа време, на сите проблеми кои ќе се појават, на сиромаштвото, проблемите со работата, на гладот…
Да молиме за сите луѓе кои денес помагаат, но и мислат на утре, како би ни помогнале на сите нас – рече Светиот Отец. Посветувајќи ја проповедта на Жалната Богородица Папата рече дека добро ќе ни дојде да мислиме денес на богородичните болки и да ѝ заблагодариме затоа што прифати да биде Мајка.
Христијанската побожност зборува за седум богородични жалости – истакна папата Фрањо. Првата е само 40 дена после Исусовото раѓање. Пророштвото на Симон, кое зборува дека меч ќе ѝ ја прободи душата (сп. Лука 2,35). Втората е жалоста при бегството во Египет како би го спасила животот на својот Син (сп. Матеј 2,13-23). Третета жалост се однесува на три дена вознемиреност кога Исус остана во храмот (сп. Лука 2,41-50).
Четвртата жалост е средбата на Богородица со нејзиниот Син на Крстниот пат (сп. Иван 19,25). Петата жалост на Богородица е Исуовата смрт; Марија под крстот го гледа распнатиот Син, гол, како умира. Шестата жалост е симнувањето на Исусовото мртво тело од крстот и го зема во своите раце, како што го зеде во Витлеем пред повеќе од 30 години. Седма жалост е полагањето на Исуовото тело во гробот.
Така оваа христијанска побожност се спомнува на Марија која го следи Исус на тој пат – рече Папата и рече дека касно навечер кога ја моли молитвата Ангел Господов, со задоволство ја моли и молитвата со побожноста на седумите жалости на Богородица, како спомен на Мајката на Црквата, како Мајка на Црквата, која со многу болки, нè роди сите нас. Богородица никогаш не барала нешто за себе, никогаш. Додека за другите барала. Да се потсетиме на Кана, кого оди да разговара со Исус.
Никогаш не кажала: „Јас сум мајка, погледнете ме, ќе бидам мајка царица.“ Никогаш не го кажала тоа – повтори Папата. Таа единствено прифаќа да биде Мајка. Го следела Исус како ученичка, затоа што Евангелието ни покажува дека го следела Исус со пријателките, побожни жени, го следела Исус и го слушала (…) Го следела Исус сè до Голгота. Таму луѓето сигурно зборувале: „Бедна жена, колку ли само страда’, а оние злонамерните сигурно зборувале: ‘Но и таа е виновна, ако добро го беше воспитала, немаше да заварши така’. Била таму, со Синот, при понижувањето на нејзиниот Син.
Богородица треба да се почитува и да се каже: ‘Тоа е мојата Мајка’, затоа што таа е Мајка – напомена Папата. Тоа е наслов која го прими од Исус, токму таму под крстот (сп. Иван 19,26-27). Тоа се твоите деца, ти си им Мајка. Не ја направил примерна, ниту пак ѝ дал ‘функционални’ наслови. Единствено ‘Мајка’. После во Делата на светите апостоли се опишува како Мајка во молитва со апостолите (сп. Дела 1,14). Богородица не сакала да прима од Исус ниту еден наслов, го примала дарот да биде Негова Мајка и должноста да нè следи како Мајка, да биде наша Мајка.
Не барала да биде псевдооткупителка или сооткупителка. Не, Откупител е само еден и тој наслов не може да се удвои. Таа е само ученичка и Мајка. И на неа како таква, како Мајка треба да мислиме, треба да ја бараме, да ѝ се молиме.
Таа е Мајка, во Мајката Црква. Во мајчинството на Богородица го гледаме мајчинството на Црквата, која ги прима сите луѓе, и добри и зли – истакна Папата и додаде: Добро ќе биде денес малку да запреме и да мислиме на болките на Марија и нејзините жалости. Како ги поднела, силно и плачејќи. Тоа не било лажно плачење, туку токму од болка сршено срце. Добро ќе биде ако малку запреме и да ѝ кажеме на Богородица: Ти благодариме што прифати да бидеш Мајка, кога ангелот ти рече и благодарам што прифати да бидеш мајка кога Исус ти рече“ – поттикна папата Фрањо, а светата Литургија ја заврши со Евхаристиско обожавање и благослов, повикувајќи ги верниците на духовна причест.
Ватикан њуз/к.мк