Папата се запознава со работата на Ватиканската курија

Ватикан, 26.4.2013 /к.мк/ Папата Фрањо во четвртокот ги продолжи разговорите со водечките ватикански кардинали. Најпрвин го прими кардиналот Фрањо Кокопалмерио, претседателот на Папскиот совет за интерпретација на законите. Попладнето Светиот Отец имаше разговор со поранешниот префект на Конгрегацијата за монашки општества, словенскиот кардинал Франц Роде, соопшти канцеларијата за печат на Ватикан. Со неговиот наследник бразилскиот кардинал Жоао Браз де Авиз, папата Фрањо веќе се сретна на крајот од месец март. Светиот Отец преку разговори со одговорни во Римската курија, како и со други ватикански лица, ја зајакнува својата слика за работата и задачите на Римската Курија.

Папата Фрањо во четвртокот го прими на разговор претседателството и генералниот секретар на Јужно – американскиот епископски совет ЦЕЛАМ. За содржината на разговорите Ватикан не објави ништо. Советот кој е основан во 1955 и на кој припаѓаат епископите на Јужна Америка и Карипските острови, на секои 10 до 15 години одржуваат Генерално собрание на кое говорат за сите клучни прашања на Црквата. На генералното собрание во 2007 во бразилскиот град Апарецида учествуваше и тогашниот кардинал Хорхе Марио Бергољо, сега папа Фрањо, кој даде голем допринос во завршниот документ.

Во моментот претседател на Јужно – американскиот епископски совет ЦЕЛАМ е мексиканскиот архиепископ Карлос Агуиар Ретес, потпретседатели се архиепископите Рубен Салазар Гомез од Колумбија и Димас Лара Барбоса од Бразил. Генерален секретар е чилеанскиот епископ Хаиме Силва Ретамалес. (т.т)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<