На 8 февруари 2020 година, папата Фрањо ги прими во аудиенција раководителите и полициските службеници во Инспекторатот за јавна безбедност во Ватикан и им изрази благодарност за нивната секојдневна служба која ја извршуваат.
Убава е веќе воспоставената традиција за средба на почетокот на годината на Папата со раководителите и полициските службеници во Инспекторатот за јавна бебзедност во Ватикан. На сите нив, папата Фрањо им изрази благодарност за нивната – како што рече – скапоцена работа.
Станува збор за служење на Светиот Престол и на Градот Ватикан кое има посебно значање и вредност – објасни Папата. Не е лесно секој ден да се занимаваш со туристи и поклоници кои го посетуваат плоштадот и базиликата Свети Петар, Ватиканските музеи, или со оние кои доаѓаат на средба со Папата. Во различни ситуации сте повикани да ги поврзувате нивните потреби со неопходните правила за јавен ред и мирен живот околу градот Ватикан и местата свети за католичката вера.
Вашата работа исто така е важна – додаде Папата – по повод моите пасторални посети во Рим и Италија и било каде да ме одведе извршувањето на Петровата служба. Веќе многу пати лично се уверив во вашето дискретно и многу внимателно и делотворно присуство – истакна папата Фрањо.
Работата која ја извршуваат полициските службеници во Инспекторатот за јавна безбедност, освен компетентноста и професионалноста, покажуваат искрена љубов и верна приврзаност на Апостолскиот Престол. За сè, посебно за вашата секојдневна работа која ја извршувате на начин е за пофалба посебно сум ви благодарен; и во оваа прилика сакам повторно да ја изразам својата почит кон духот кој го поттикнувате. Постојаната соработка со Ватиканска жандармерија ја прави уште поуспешна и вредна за пофалба.
Нека Господ ја благослови секоја ваша активност и целиот ваш живот, идеалите, наканите и стремежите – рече Папата и на крајот посака нивното секојдневно ангажирање кое понекогаш е подложено на ризици, секогаш да биде вдахнато од пламенот на верата, надежта и љубовта: понизен, едноставен, но искрен пламен – истакна папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк