Папата се заблагодари на досегашниот главен уредник на ватиканскиот весник Осерваторе Романо
Во писмото на досегашниот главен уредник на ватиканскиот дневен весник Осерваторе Романо, Џовани Марија Вијан, папата Фрањо ја истакна неговата професионалност и подготвеност во текот на повеќе од десет години служба во раководењето на ватиканскиот весник.
Изразувам голема благодарност за љубовта и грижата вложена во раководењето на дневниот весник Осерваторе Романо – напиша папата Фрањо во писмото до професорот Џовани Марија Вијан, во моментот кога после повеќе години великодушна и посветена работа и големата одговорност, престанува да биде на должноста одговорен уредник на весникот. Папата Фрањо спомна дека папата Бенедикт XVI го повика професорот Вијан да ја извршува должноста, која за Светиот Престол е многу чувствутелно важна и која ја извршуваше стручно, уживувајќи углед поради својата професионалност, со јасно поддржување на црковното Научителство и доследно христијанско ангажирање.
Подобар квалитет на ватиканските информации
Папата му се заблагодари на професорот Вијан за богатата соработка и постојаната расположливост, посведочена со ангажирање во реализација на реформите, кои посебно се однесуваа на комуникациите. Навистина сум ви благодарен за верноста и пренесувањето на Папските зборови – напиша папата Фрањо. Како стручњак од црковна историја, а и преку своето искуство како професор по патристичката филологија, дадовте голем придонес за подобрување на квалитетот на информациите и многу простор посветивте на гласовите кои заслужуваат внимателно слушање во црковната заедница – напиша папата Фрањо.
Раководење на весникот не штедејќи енергија
Свесни дека, не штедејќи се, целата енергија ја вложувавте во службата која ви беше доверена, влевајќи во вашата душа радост и мир, како што мојата е исполнета со задоволство, сигурен сум дека уште можам да се надевам на вашата поддршка во молитвата и совет – истакна Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк