Папата се заблагодари на дон Толентино за духовните вежби

Папата се заблагодари на дон Толентино за духовните вежби

Папата Фрањо, во петок 23 февруари 2018 година, на крајот од духовните вежби се заблагодари на водителот, отец Хозе Толентино де Мендочи, на неговата придружба за време на последните неколку денови. Папата истакна дека духовните вежби ќе продложат во текот на денeшниот ден со пост и молитва за Јужен Судан, ДР Конго и Сирија. Исто така ја изрази својата благодарност на отец Хозе што зборуваше за Црквата, што учесниците на духовните вежби можеа да ја слушнат Црквата, тоа мало стадо.

Светиот Отец исто така искажа благодарност што водителот на духовните вежби ги потсети дека Црквата не е кафез за Светиот Дух, бидејќи Духот лета и делува надвор. А со своите цитати отец Толентино појасни дека Светиот Дух делува и кај нехристијаните и луѓето со други верски убедувања. И денес постојат луѓе како Корнелиј или стотникот кои живеат со внатрешно барање – напомена отец Хозе.

Потоа папата Фрањо се заблагодари на отец Хозе Толентино де Мендочи и на неговиот повик да се отвориме без да имаме страв, без крутост, за да бидеме прилагодливи на Духот и да не се мумифицираме во нашите структури, кои нѐ затвораат. На крајот Светиот Отец го повика отец Толентино да продолжи да моли за нив, затоа што како луѓе се грешни.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот