Папата: Секој од нас има ангел чувар; да го слушаме
На секој човек Бог му дал ангел за да го советува и штити, ангел кој треба послушно да се слуша – истакна папата Фрањо на светата Литургија во капелата на домот Света Марта на празникот на сите ангели чувари.
Доказот за Божјата татковска љубов се наоѓа на првите страници на Библијата. Кога Бог го истерува Адам од рајот, не го остава сам; не му вели: Снаоѓај се како можеш – објасни Светиот Отец.
Папата истакна дека ликот на ангелот чувар секогаш е присутен во односот на човекот и небесата, потсетувајќи на денешниот дел од Книгата Исход: „Еве, Јас го праќам пред тебе Ангелот Мој, за да те пази по патот, и да те воведе во земјата што сум ти ја приготвил.“ Господ секому му дал ангел чувар; секој од нас го има и нè следи – рече папата Фрањо, додавајќи:
Секогаш е со нас! Тоа е реалност. Тој е како Божји пратеник со нас. Господ нè советува: „Почитувај го и слушај го гласот негов!“ Кога на пример правиме нешто зло и мислиме дека сме сами (дека никој нè не гледа) – не сме во право бидејќи тука е присутен ангелот чувар. Треба да го почитуваме и да го слушаме. Кога ќе почувствуваме вдахновение – како што рече Папата – „Направи ова… ова е подобро… тоа не треба да се прави…“ тогаш да го послушаме и да не се буниме против него.
Ангелот чувар секогаш нè штити, особено од зло – рече Светиот Отец велејќи дека понекогаш мислиме дека можеме да сокриеме многу грди работи, кои на крајот ќе излезе сè на светло. Ангелот пак е со нас за да нè советува, да ни помага токму како пријател кој не го гледаме, но кој го слушаме; како пријател кој – како што рече – еден ден ќе биде со нас во небесата, во вечната радост.
Единствено бара да го слушаме и почитуваме односно да му бидеме послушни. Христијанинот треба да биде послушен на Светиот Дух, а тоа започнува со слушање на советот на нашиот ангелски придружник – рече Папата. Но, за да бидеме послушни треба да бидеме мали како децата како оние за кои Исус кажал дека се најголеми во Царството небесно. Затоа заклучи дека ангелот е наш придружник кој нè учи на понизност и кој треба да го слушаме како децата.
Да го молиме денес Господ за милоста на послушноста, да го слушаме гласот на тој придружник, Божјиот пратеник кој е со нас во Негово име кој нè поддржува со својата помош. И во оваа Литургија во која го фалиме Господ да се сетиме колку Он е добар: веднаш откако сме го изгубиле пријателството со Него нè не оставил сам, нè не напуштил – рече на крајот папата Фрањо.
РВ/к.мк