Кога свештеникот во себе не наоѓа радост треба веднаш да застане и да се запраша зошто.
Свештениците треба да бидат радосни и да гледаат и од човечка и од божествена перспектива, како што тоа го правел свети Иван Боско – рече папата Фрањо на светата Литургија која ја служеше во домот Света Марта на 31 јануари 2019 година. Охрабрувајќи ги свештениците да ја гледаат реалноста со срцето на татко и на учител како дон Боско. Папата истакна дека животот на овој светец бил одбележан со средба со сиромашни млади кои живееле на улица; тој бил трогнат и барал начин како да им помогне за да пораснат. Одел и плачел со нив.
Светиот Отец потсети на денот на ракополагањето на дон Боско, неговата мајка која – како што рече, не студирала теологија, на синот му рекла: Од денес ќе започнеш да страдаш. Сигурно сакала да ја истакне реалноста, но и за да привлече внимание затоа што ако син ѝ помислил дека ќе нема страдање, тоа значи дека нешто не е во ред. Тоа е пророштво на една мајка, едноставна жена која имала срце полно со дух. Па, за свештениците страдањето е знак дека работите одат на добро, но не за да стане „факир“, туку заради она што го направил дон Боско кој имал храброст да гледа на реалноста со очите на човек и со очите на Бог. Во тоа масонско време, време на мразачи на свештеници, ја видел затворената аристократија и приликите во кои сиромашните навистина биле сиромашни и отфрлени. Ги видел тие млади на улиците и рекол: Ова не може да биде!
Гледал со очите на човек кој е брат и татко и рекол: Ова не може да продолжи така! Тие млади можеби лошо ќе завршат и започнал да се сочувствува како човек и да бара патишта за да им помогне да созреат, да пораснат – рече папата Фрањо и продолжи: Барал човечки патишта. Потоа собрал храброст и започнал да гледа со Божјите очи и да отидел кај Бог за да Му каже: Покажи ми дали тоа е неправда, што треба да направи за ова? Ти си ги создал тие луѓе за полнотата на животот, а тие се во вистинска неволја. Така гледајќи ја реалноста со љубовта на татко и на учител и гледајќи го Бог со очите на просјак кој бара светло, започнал да оди напред.
Имено, свештеникот мора да има две страни: да ја гледа реалноста со очите на човек и со очите на Бог, а тоа значи многу време да поминува пред Дарохранителницата – рече Папата и додаде: Бидејќи така гледал, можел да го види патот затоа што не одел само со Катехизмот и со крстот, зборувајќи: правете го тоа! Младите би му кажале: Добра ноќ, се гледаме утре. Тој се приближувал на нивната живост. Го натераа да игра, ги собра во група како браќа, одел со нив, гледал и плачел со нив и ги водел напред. Бил свештеник кој човечки гледа на луѓето и кој секогаш е при рака.
Нагласувајќи дека свештениците не смеат да бидат службеници или вработени кои примаат на пример од 15.00 до 17.30 часот, Светиот Отец рече дека има многу добри службеници кои ја работат својата рабора како што треба да прават службениците. Но, свештеникот не е службеник и не може тоа да биде. Па, повторно поттикна да се гледа со очите на човек и вети: Така ќе се здобиеш со тоа чувство и мудрост за да сфатиш дека тие се ваши деца и браќа. После тоа треба да се има храброст и да се бори. Свештеникот е оној кој се бори со Бог.
Секогаш постои ризикот работите да ги гледаме премногу човечки, а ништо божествено или премногу божествено, а ништо човечко; но ако не ризикуваме во животот нема ништо да направиме – предупреди Папата и напомена, кога има љубов, таткото ризикува за синот, а братот ризикува за братот. Тоа сигурно носи страдање, започнуваат прогони и озборување.
Папата потоа Му се заблагодари на Бог што ни го даде свети дон Иван Боско кој како дете започнал да работи, знаел што значи секој ден да се заработува лебот и сфатил што е милосрдието, и која е реалната вистина. Тој човек примил од Бог големо срце на татко и учител. Кој е знакот дека сè е во ред со свештеникот, гледајќи ја реланоста со очите на човек и со очите на Бог? Радоста. Кога свештеникот во себе не наоѓа радост, треба веднаш да застане и да се запраша зошто? Радоста на дон Боско е позната, тој е учител на радоста. Затоа што другите ги правел радосни и самиот бил радосен. Но и страдал. Да Го молиме денес Господ преку застапништвото на дон Боско за милост нашите свештеници да бидат радосни, затоа што има вистинско чувство дека создава пасторал и Божјиот народ го гледа со очите на човек и со очите на Бог – заврши Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк