Папата: свети Јосиф е чувар на слабостите

Папата: свети Јосиф е чувар на слабостите

Свети Јосифе дај им на младите способност да сонуваат, ризикуваат и да прифаќаат тешки задачи кои ги виделе во соновите – молеше Светиот Отец на 20 март 2017 година за време на утринската света Миса во капелата на домот Света Марта. Имено папата Фрањо во проповедта зборуваше за свети Јосиф, чувар на убавината и „Божјиот сон“.

Свети Јосиф го послуша ангелот кој му се објави во сон со себа да ја земе Марија, која е тешка од Светиот Дух, како што известува Еванглието од Матеј. Тој бил, тивок и послушен. На својот грб го носи ветувањето за „потомство, наследство, татковство, потекло, стабилност“ – рече папата Фрањо.

Свети Јосиф може да ни каже многу работи, но не зборува; тој е тивок и сокриен човек, кој во одреден момент има најголем авторитет, но не го покажува – рече Папата и додаде дека Бог ги доверува на Јосифовото срце „слабите работи“: ветувањето. Освет тоа и раѓањето на детето, бегството во Египет, тоа се несигурни ситуации. Јосиф прима сѐ во своето срце и ги носи напред „сите тие слабости“, онака како што се носат слабостите: со голема нежност со каква во прегратките се зема некое  дете – рече Папата.

Јосиф не зборува, туку слуша, тој е нежен човек, способен напред да го носи ветувањето за да биде постојано, сигурно, Јосиф гарантира стабилност на Божјото царство, на Божјото татковство, нашето посвојување. Со задоволство го замислувам Јосиф како чувар на слобостите, исто и на нашите слабости: способен е од нашите слабости, исто и од нашите гревови да се родат многу убави работи – истакна папата Фрањо.

Јосиф е чувар на слабостите за да станат цврсти во верата. Таа пак задача ја доби во сон: способен е да сонува. Од тука тој е и „чувар на Божјиот сон“ за да нѐ спаси сите, да бидеме откупени (…) Тој е голем дрводелец. Тивок, вреден, чува и ги носи напред слабостите, а е способен да сонува. Неговиот лик е порака за сите – рече папата Фрањо и додаде:

Би сакал денес да молам на сите нас да ни додели способност за сонување, бидејќи кога сонуваме големи, убави работи, се приближуваме на Божјиот сон, оној сон кој Бог го сонува за нас. На младите да им додели – тој бил млад – способност за сонување, ризикување и прифаќање на тешките задачи кои се сонувани. На сите нека ни даде верност која обично расте со исправно постапување, тој бил праведен; расте во тишина – некој збор и расте во нежноста која е спсобна да ги чува сопствените и туѓите слабости – рече на крајот од проповедта Светиот Отец.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот