Папата: Светиот Дух нека му подари мир на светот

Папата: Светиот Дух нека му подари мир на светот

Светиот Отец по евхаристиското славење на плоштадот Свети Петар на 4 јуни 2017 година во Ватикан, го упати и својот пладневен наговор, кој го пренесуваме во целост:

                                                   * * * * *

Драги браќа и сестри,

Денес, на празникот Педесетница се објавува мојата порака за следниот Светски ден на мисиите, кој секоја година се одбележува во октомври. Темата е: „Посланието во срцето на христијанската вера.“ Нека Светиот Дух го поддржува посланието на Црквата во целиот свет и да даде сила на сите мисионери и мисионерки на Евангелието. Светиот Дух на целиот свет нека му подари мир; нека ги оздрави раните од војната и тероризмот, кој и изминатата ноќ во Лондон погоди невини: да се молиме за жртвите и нивните семејства – повика Светиот Отец.

Ве поздравувам сите вас, поклоници од Италија и од другите делови од светот, кој учествувавте на ова славење. Посебно, групите на Католичката харизматска обнова, која слави 50 години од своето основање, како и браќата и сестрите од другите христијански конфесии кои се обединија со нашата молитва. Ги поздравувам Ќерките на Марија Помошничка од земји на Латинска Америка.

Ги поздравувам и му се заблагодарувам на Детскиот оркестар од Карпи, кои настапија со неколку песни за време на ова света Литургија, во соработка со Сикстинската капела. Да го повикаме сега мајчинското застапништво на Дева Марија. Нека Таа ни испроси милост да бидеме силно зафатени од Светиот Дух, за да го сведочиме Христос во евангелската слобода.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот