Папата ручаше со сириските бегалци

Во четврток 11 август 2016 година во домот Света Марта Папата ручаше со 21  беглаци од Сирија, кои живеат во Рим, а за нив се грижи заедницата Свети Егидиј – соопштено е од Канцеларијата за печат при Светиот Престол. Станува збор за семејства кои се дојдени во Италија по посетата на Папата на грчкиот остров Лезбос. Првата група беглаци дојде на 16 април со авионот на Папата, а останата група во средината на јуни.

За својот живот во Италија со папата Фрањо можеа да разговараат, како возрасните, така и децата. Децата на Папата му поклонија од своите цртежи, а Папата на нив им подари играчки и други дарови. На ручекот со Папата покрај сириските бегалци беше и заменикот за општи работи во Државниот секретаријат, надбискупот Анџело Бекиу, професорот Андреа Рикарди и основач на заедницата Свети Егидиј.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот