Папата разговараше со сириско-католичкиот патријарх
Папата Фрањо во неделата на 20 јули, разговараше телефонски со сириско-католичкиот патријарх Игнациј Јусеф III Јунан. Папата во разговорот му пренесе на патријархот дека одблизу ја следи со загриженост ситуацијата низ која минуваат христијаните во ирачкиот град Мосул.
Според соопштението на Сириско-католичкиот патријарх, кое го пренесува агенцијата СИР, „разговорот траел девет минути во текот на кој патријархот Јунан му се заблагодари на Папата и го замоли да ги интензивира напорите со светските моќници за да ги запознае со фактот дека во покраината Нинива се случува масовно чистење врз основа на верата“.
Патријархот оваа тишина на „таканаречениот цивилизиран свет“ ја нарекол „срамотна“.
На крајот на телефонскиот разговор папата Фрањо упатил апостолски благослов до целиот христијански народ на Истокот, гарантирајќи му дека ќе биде секогаш присутен во своите молитви за мир и сигурност.
Неколку дена порано патријархот ја информираше светската јавност за пожарот во бискупската резиденција кој го подметнаа исламските екстремисти од Исламска држава на Ирак и Левант.
РВ/В.Н.