На крајот од светата Литургија која за својот осумдесети роденден со кардиналите ја служеше во капелата Свети Петар и Павле која е попозната како „Капелата Паолина“, Папата од Господ молеше за радосна, плодна, мирна и полна вера во староста, посакувајќи таа да биде „седиште на мудроста“.
Пред да се осврне на својот роденден Папата во проповедта истакна дека христијанскиот живот е одење кон конечната средба со Исус. Деканот на кардиналскиот колегиум кардинал Анџело Содано во името на кардиналите на Папата му го честиташе роденденот.
За да ги сподели своите чувства за 80-тиот роденден, Папата раскажа една анегдота. Веќе неколку дена „на ум ми доаѓа еден збор кој изгледа многу грд, а тој е староста која плаши. Папата реече дека овие денови монс. Кавалиере му ја подарил книгата од Цицерон „За староста“. „Една капка повеќе“ се пошегува Папата додавајќи:
„Се сеќавам на она што ви го кажав на нашата прва средба на 15 март 2015 година: „Староста е седиштето на мудроста“. Да се надеваме тоа ќе важи и за мене. Да се надеваме да биде така!“ Потоа пак цитираше еден латински писател кој говори за староста која доаѓа „со тивки чекори“. Тоа е удар! Но ако некој староста ја смета за период кој донесува радост, мудрост, надеж тогаш одново започнува да живее. Ми доаѓа на памет една друга песна која исто така тогаш ви ја цитирав: „Староста е мирна и полна со доверба“ („Es ist ruhig, das Altwerden, und fromm“, Hölderlin) Молете се мојата да биде таква: мирна, исполнета со вера и плодна. Исто така и радосна – посака Светиот Отец.
Во проповедта го коментираше делот од Евангелието според Матеј во кој се говори за Исусовото родословието. Делот наведува на размислување „за милоста на сеќавањето“, милоста на незаборавноста. Незаборавот е сопственост на љубовта. Љубовта секогаш пред очите го има применото добро. Љубовта секогаш се осврнува на историјата: од каде доаѓаме, на нашите татковци, претци, на чекоењето во верата… Сеќавањето е добро затоа што го зацврстува будното исчекување на Божиќ – рече Папата додавајќи:
Сеќавањето е милост: читајќи го делот од Евангелието според Матеј се сеќаваме на „историјата на милостите“, но и на „историјата на гревовите.“ Во опишаната историја во оваа родословие има големи грешници, но има и светци. И ние во својот живот го наоѓаме истото: моменти на голема верност на Господ, радост во служењето, но и повремен непријатен момент на неверство, гревот прeку кој ја чувствуваме потребата за спасение. Можеме да бидеме сигурни затоа што кога чувствуваме потреба за спасение ја исповедуваме верата: Јас сум грешник, но Ти Господи можеш да ме спасиш, Ти ме водиш напред. И така се напредува во радоста на надежта – рече Светиот Отец.
Во Божиќниот пост го започнавме ова одење, продолжи Папата, го започнавме ова одење будно чекајќи го Господ. Денес застануваме, го гледаме минатото, гледаме дека одењето било убаво, дека Господ нѐ не изневерил, дека е верен. А христијанскиот живот е одење кон конечната средба. Папата посака ова одење, ова будно исчекување на Господовото доаѓање да не ни ја одземе милоста на сеќавањето, гледањето на она што Господ го направил за нас, за Црквата и во нашата историја на спасението. Така ќе сфатиме зошто Црквата ни го дава денес да го читаме овој дел кој може да изгледа малку досаден, но во него е историјата на Бог, кој сака да оди со својот народ и на крајот стана како еден од нас – рече Папата.
Завршувајќи ја проповедта Папата молеше Господ да ни ја даде милоста на сеќавањето. А ако ни изгледа дека имаме многу проблеми, да се сетиме дека треба да бидеме мирни, дека треба со доверба да одиме напред. Писателот на Посланието до Евреите за нашите жалења има една многу убава реченица: „Во борбата против гревот уште не сте се противеле до крв“ (Евреи 12,4). Еве дури имало хумор на вдахнатиот писател за да ни помогне да одиме напред – заврши Светиот Отец.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк