На 23 мај Црквата го слави празникот на свети Ѓорѓи Победоносец (според Грегоријанскиот календар), а папата Фрањо со световното име својот именден.
На денот на својот именден, папата Фрањо преку Апостолската служба за милостина подари 6.000 бројаници на младите од Милано кои денес започнуваат ходочастие со својот архиепископ. Ова утро младите учествуваа на светата Литургија во ватиканската базилика Свети Петар која ја служеше арихиепископот на Милано, Марио Делпини.
„Со овој гест – коментираше директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол „ad interim“ Александро Џизоти – папата Фрањо се обраќа до младите преку молитва да се доверат на Блажена Дева Марија само неколку денови пред почетокот на месец мај кој е посветен на Пресвета Богородица.
Бројаниците се направени од маслиново дрво од Светата Земја посебно за Светскиот ден на млади во Панама и за Светскиот ден на млади на бискупско ниво кој се слави на Цветници. Имено за таа цел ерусалимскиот Каритас во 11 занаетчиски работилници овозможи работа на сиромашни луѓе, семејства на затвореници и бегалци. Во среда на 24 април младите од Миланската надбискупија кои учествуваат во програмите на пастралната година на тема „Неговата сила расте на патот“ ќе учествуваат на Генералната аудиенција со папата Фрањо.
На 23 април Црквата литургиски го слави свети Ѓорѓи Победоносец, а папата Фрањо го носи неговото крстно име, а во Ватикан постојано пристигнуваат честитки од целиот свет. Свети Ѓорѓи е роден во Кападокија бил офицер во војската на Диоклецијан, умира како маченик во 303 година затоа што не ја негирал верата додека римскиот император ги прогонувал христијаните. Познат е по легендарната сцена во која свети Ѓорѓи заштитен со крстот го убива змејот кој ги проголтувал луѓето, а ја симболизира верата која го победува злото.
Минатата година во истата пригода папата Фрањо секогаш преку Апостолската служба за милостиња подели околу 5000 сладоледи на сиромашните на кои им помагаат разни римски институции. За да го прослави тој повод, сладоледи се делеа во народни кујни, преноќишта и посебно во центрите кои ги водат Каритас, Заедницата Свети Егидиј, Ценарот Астали и други институции како што се прифатни центри за баратели на азил во местото Кастелнуово ди Порто каде се сместени околу 900 бегалци.
Ватикан њуз/к.мк