Канцеларијата за печат на Светиот Престол во вторникот на 26 мај 2020 година, објави дека папата Фрањо во сабота во пресрет на Духовден 30 мај во 17.30 часот пред пештерата Пресвета Богородица Лурдска во Ватиканските градини ќе моли Света Бројаница за жртвите од коронавирусот.
Во уште една молитвена иницијатива на Папата за жртвите од коронавирусот ќе учествуваат богородичните светилишта на сите континенти, меѓу нив француското Лурд, португалското Фатима, полското Ченстохова, американското Безгрешно зачнување во Вашингтон, нигериското Елеле, Нашата Пресвета Богородица на Брегот на Слововата Косна, аргентинското Лухан и мексиканското Гвадалупе, а ќе биде пренесувано онлајн и на телевизија во целиот свет.
Молитвената акција под геслото „Тие сите еднодушно беа постојано во молитва со Марија“ (Дела 1, 14) ќе ја анимираат мажи и жени кои посебно тешко трпеле во пандемијата со коронавирусот, меѓу нив свештеник, монахиња, медицинска сестра, лекар, волонтер на цивилната заштита со семејството, новинарка – кои наизменично ќе ја предводат Бројаницата.
Организатор е Папскиот совет за нова евангелизација кој ги повикува посебно семејствата да се соберат во молитва со Папата кој болките на човештвото зголемени со ширењето на коронавирусот сака да ги принесе на Мајка Божја молејќи за нејзино застапништво.
Ватикан њуз/к.мк