На литургискиот спомен ден Блажена Девица Марија, Помошничка на христијаните, 24 мај 2017, кој посебно се пррославува во Богородичното светилиште Шешан, недалеку од Шангај, е одбележан Денот за молитва за Црквата во Кина. По тој повод папата Фрањо преку Твитер ги поттикна своите пријатели со следните зборови: Да се молиме со католиците во Кина, доверувајќи се на Марија, како би примиле милост на трпелива упорност и надминување на тешкотиите со љубов.
Претходно во недела 21 мај Светиот Отец после молитвата Царице небесна им препорача на кинеските католици: Својот поглед да го упатиме кон Марија, нашата Мајка, за да ни помогне да ја препознаеме Божјата волја во конкретното одење на Црквата во Кина и да нѐ подржи во великодушното прифаќање на неговиот план за нас. Марија нека нѐ охрабри за да го даваме својот личен допринос за заедништво меѓу верниците и за склад на целото општество. Да не заборавиме да ја сведочиме верата со молитва и љубов и постојано да останеме отворени за средба и дијалог.
Папата Бенедикт XVI во 2007 година напиша писмо до католиците во Кина, при што го востанови Денот на молитва за Црквата во Кина, а во тој документ меѓу останато ја изрази својата радост за верноста на кинеските католици кон Христос и Црквата, понекогаш и по цена на големи страдања. Во писмото Папата повика на конструктивен дијалог со власите, до кои пак упати силен апел за гаранција на вистинска верска слобода.
РВ/к.мк