Жртвите од поплавите во Бразил и единството на христијаните се настаните на кои папата Фрањо стави акцент по завршувањето на неделната молитва Ангел Господов.
По молитвата Ангел Господов во недела, 16 јануари 2022 година, папата Фрањо потсети дека се наближува Молитвената осмина за единство на христијаните, која ќе се одржи од 18 до 25 јануари, а оваа година нуди да се навлезе во искуството на мудреците кои дојдоа од исток во чест на месијанскиот цар.
„Исто така, ние христијаните, во различноста на нашите деноминации и традиции, сме ходочасници кон полно единство и да се приближиме до целта кога ќе ги насочиме очите кон Исус, нашиот единствен Господ“, рече Светиот Отец, поттикнувајќи на молитва за единство на христијаните.
Пред тоа, Папата ја вети својата близина со оние кои во изминатите недели настрадаа од поројните дождови и поплавите во различни делови на Бразил. „Посебно се молам за жртвите, за нивните роднини и за оние кои ги загубија своите домови. Господ нека ги поддржи напорите на оние кои помагаат“, рече папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк