По молитвата Ангел Господов на празникот Вознесенеие на Пресвета Богородица, 15 август 2022 година, папата Фрањо повика да побараме застапништво од Марија за мир во целиот свет, посебно во Украина, и ги повика сите што можат денес да и оддадат почит на Небесната Мајка во богородично светилиште.
По молитвата, Светиот Отец им се заблагодари на сите кои даваат важни услуги за заедницата, посакувајќи им благословен празник денеска на оние кои се на одмор, како и на многумина кои не можат да си го дозволат тоа, како и на осамените или болните.
Светиот Отец ги покани оние кои можат да посетат богородично свеетилиште на овој ден посветен на Богородица да и оддадат почит на нашата Небесна Мајка. Во таа насока, тој потсети дека многу Римјани и ходочасници одат во базиликата Света Марија Велика да се помолат пред богородичната икона Salus Populi Romani (Спас на римскиот народ), заштитничка на вечниот град. Напомена дека во таа папска базилика се наоѓа и статуа на Дева Марија, царица на мирот, која е поставена од папата Бенедикт XV.
Да продолжиме да молиме за застапништво од Пресвета Богородица за Бог да му подари мир на светот и посебно да молиме за украинскиот народ, заврши папата Фрањо.