Папата: Олимписките игри нека бидат знак на мирот

Папата: Олимписките игри нека бидат знак на мирот

Кон крајот на Генералната аудиенција на 7 февраури 2018 година, Папата Фрањо потсети на престојните 23. Зисмки олимписки игри во Пјонгчанг во Јужна Кореја, на кои ќе учествуваат 92 земји, меѓу кои и Северна Кореја, при што Светиот Отец ја изрази својата надеж дека тоа ќе биде големо славење на пријателството и спортот.

Традиционално олимпиското примирје оваа година добива посебна важност, бидејќи претставници на Северна Кореја ќе учестуваат во обиколката под заедничко знаме со Јужна Кореја и ќе се натпреваруваат како една екипа. Тоа поттикнува на надеж за да можат во светот судирите да се решаваат по мирен пат и со дијалог со заемно почитување, како што произлегува од спортот. Папата истакна дека Светиот Престол е подготвен да ја подржи секоја корисна иницијатива за мир и средба на народите.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот