Папата Фрањо за време на првата Генерална аудиенција, после јулската пауза, продолжи со серијата катехези за Делата на светите апостоли, коментирајќи го оздравувањето на фатениот, направено од Петар во името Христово. Нашата рака која помага на другите да се подигнат, всушност е Исусова рака.
Во Петар, кој го фаќа за рака фатениот, го подигнува и на тој начин го оздравува, се појавува лицето на Црквата без граници, која се чувствува мајка на сите, која фаќа за рака и придружува како би подигнала, а не да осудува. Нашаа рака која помага на другите да се подигнат е Исусова рака – рече папата Фрањо за време на Генераланта аудиенција на 7 август 2019 година, која се одржа во салата Павле VI. во Ватикан. Папата зборуваше за чудото кое Петар го направи во Исусово име и така после јулската пауза, продолжи со серијата катехези за Делата на светите апостоли.
Бројните чуда кои ги правеле апостолите биле токму објавување на Исусовото божество – рече Светиот Отец и продолжи: Просјакот, односно фатениот од раѓање, кој што апостолите го сретнале кај вратите на храмот, бил таму затоа што Мојсеевиот закон забранувал да принесуваат жртви оние кои имале телесни недостатоци, затоа што ги сметале дека се последица на некој грев. Луѓето го прашале Исус и за слепиот од раѓање, дали е слеп поради своите гревови или пак поради гревовите на своите родители: Таквиот менталитет зад секој телесен недостаток гледал грев.
Потоа започнува играта со поглед – рече Папата и продолжи: Фатениот ги гледа двајцата како од нив би побрал милостина, меѓутоа апостолите се загледале во него, повикувајќи го да гледа во нив на друг начин, како би можел да прими друг дар. И Петар во името на Исус Христос направи чудо на оздравување. Апостолите воспоставиле однос, затоа што тоа е начин на кој Бог сака да се објавува; преку односи, секогаш преку дијалог, секогаш преку покажување и секогаш со вдахновение во срцето. Таков е Божјиот однос со нас, преку реална средба со луѓе, која може да се случи само преку љубовта.
Храмот исто така е место за економска и финансиска размена, и на таа пракса се спротивставува Исус и пророците – рече Папата и додаде: Колку пати размислувам за тоа кога гледам во некои парохии како мислат дека парите се поважни од светите Тајни. Ве молам, Црквата нека биде сиромашна, да го молиме Господ за тоа!
Кога просјакот ги сретна апостолите не најдел пари, туку Име кое го спасува човекот, го пронашол Исус Христос, Назареецот – рече Светиот Отец и потсети: Петар го повика Исусовото име, му нареди на фатениот да стане, го фати за рака и го подигна. Во тој гест свети Иван Златоуст гледа слика на воскресението. Тука се покажува лицето на Црква, која гледа кој е во тешкотија, не ги затвора очите, знае да го гледа човештвото кое страда, како наместо пречки би создала осмислени односи, мостови на пријателства и солидарност.
Се покажува лице на Црква без граници, која се чувствува мајка на сите, која знае да земе за рака и да придружува за да подигне, а не да осудува – рече папата Фрањо и напомена: Исус секогаш ја пружа раката, секогаш настојува да подигне, прави луѓето да оздрават, да бидат среќни и да го сретнат Бог. Станува збор за уметност на пратење, која е одбележано со внимание, каде се слуша другиот, со близина, поглед со полна почит и сочувство, но кој во исто време оздравува, ослободува и го охрабрува созревањето во христијанскиот живот.
Тоа го прават двајцата апостоли со фатениот – рече Папата. Го погледнаа, му велат да погледне во нив; Петар му подава рака, го подигнува и го оздравува. Така Исус прави со нас. Да мислиме на тоа кога сме во тешки моменти, во моменти на грев и тага. Тука е Исус кој ни вели: Гледај ме, тука сум! Да ја прифатиме Исуовата рака и да дозволиме да нѐ подигне.
Петар и Иван нѐ поучуваат да не се надеваме во средства кои се корисни, туку во стварното богаство, кое е односот со Воскреснатиот. Сиромашани сме, но имаме големо богатство. Целото наше богатство е евангелието, кое ја покажува силата на Исусовото име, кое прави чуда. Сите мораме да се прашаме: Што е нашето богатство? Со што можеме да ги збогатиме другите. Да не заборавиме дека раката секогаш треба да биде испружена за да би помогнале на другиот да се подигне. Тоа е Исусовата рака, која преку нашата рака помага на другите да се подигнат – рече папата Фрањо.
На крајот од катехезата папата Фрањо ги поздрави присутните верници и поклоници, и ги потсети на празникот на света Тереза Бенедикта од Крстот, односно Едит Штајн, девица и маченичка, созаштитничка на Европа, која ја славиме на 9 август. Светиот Отец повика да гледаме на нејзините храбри одлуки кои се изразени во вистинското обраќање кон Христос како и во дарот на нејзиниот живот да се противи на секој вид нетолеранција и идоеолошка изопаченост.
Ватикан њуз/к.мк