Само љубовта му дава смисла и среќа на животот, а вистинска љубов нема без саможртвување – е резимето од пладневниот наговор на Светиот Отец на 3 септември 2017 година, кој од прозорецот на Апостолската палата го упати до собранто мноштво на плоштадот Свети Петар.
Потсетувајќи ги собраните дека евангелскиот дел од минатата недела (Мт 16, 21-27) ја истакна исповедта на верата на Петар – „карпа“ на која Исус сака да ја гради својата Црква. Денес, пак Матеј оној ист Петар ни го покажува во ужасен контраст со минатонеделниот; ни ја покажува реакцијата на Петар откако Исус на учениците им открил дека во Ерусалим ќе страда, ќе биде убиен и ќе воскресне (ред 21).
Светиот Отец вели дека Петар го повлекува на страна Учителот и го укорува затоа што – вели – тоа не смее да Му се случи Нему, на Христос. Меѓутоа, Исус му возвраќа на Петар со остри зборови: „Бегај од Мене, сатано! Ти си ми соблазан, оти мислиш не за она, што е Божјо, а за она, што е човечко!” (ред 23). Момент порано, апостолот бил од Отецот благословен, за цврстата „карпа“, за Исус да може на неа да ја изгради својата заедница, веднаш потоа, на патот на Месијата станува пречка, камен за сопнување. Исус добро знае дека Петар и другите треба да поминат уште долг пат за да станат апостоли – објасни папата Фрањо.
Во тој момент – продолжи Папата – Учителот се обраќа до сите кои го следеле, јасно преставувајќи им го патот кој треба да се помине: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и да оди по Мене;“ (ред 24)
Секогаш, па така и денес – објасни епископот на Рим – постојат искушенија да се следи Христос без крстот; Како Петар: Не, не Господи… Но, Исус нѐ потсетува дека неговиот пат е патот на љубовта, а вистинска љубов нема без саможртва. Повикани сме да не дозволиме да нѐ обземат виденијата на овој свет, туку да бидеме сѐ повеќе свесни за потребата и напорот на христијаните за да одат против струјата и нагорнина.
Исус својот предлог го завршува со зборовите кои изразуваат голема и секогаш важечка мудрост, затоа што се предизвик за себичниот менталитет и однесување. Охрабрува: „Кој сака да ја спаси душата своја, ќе ја загуби; а кој ќе ја загуби својата душа заради Мене, ќе ја најде“ (ред 25).
Во овој парадокс лежи златното правило кое Бог го запишал во човечката природа, создадено во Христос: правило кое вели дека само љубовта му дава смисла и среќа на животот. Да се потрошат своите таленти, енергија и време само заради спасување, зачувување и остварување на себе, доведува до загуба, односно до тажен и неплоден опстанок. Ако наместо тоа живееме за Господ и својот живот го градиме на љубовта, како што тоа го правел Исус, ќе можеме да ја вкусиме вистинската радост – смета Светиот Отец.
Во славењето на Евхаристијата повторно го откриваме таинството на крстот; не само за да го спомнуваме, туку и ја остваруваме откупителската жртва во која Синот Божји потполно се „изгуби“ себе за повторно да се прими од Отецот и така повторно да нѐ најде нас – нас кои сме биле загубени, заедно со сите созданија. Секој пат кога сме присутни на света Литургија, љубовта на Христос распнатиот и воскреснат ни се најавува како храна и питие, за да можеме да го следиме Него, на секојдневниот пат и во конкретната служба Голгота, нека и нас нѐ следи и ни помага да не се плашиме од крстот, туку со прикованиот Исус – не без Исус! – трпиме за љубовта кон Бог и браќата, затоа што тоа страдање, преку Христовата милост е плод за воскресение– објасни Папата.
По молитвата Ангел Господов
По молитвата Ангел Господов, папата Фрањо рече: Додека ја обновувам својата духовна близина со народите на Јужна Азија, кои сѐ уште страдаат заради последиците од поплавите; своето длабоко сочувство сакам да го изразам и на оние кои страдаат во Тексас и Луизијана, погодени од ураганот и обилните врнежи, кои предизвикаа жртви, илјадници раселени луѓе и огромни материјални штети. Молам од Пресвета Марија Утешителка на угнетените, од Господ – во овие болни околности – да испроси милост за утеха зна целата заедница во Тексас – рече на крајот од пладневниот наговор папата Фрањо.
РВ/к.мк