„Ако не го познаваш понижувањето, не можеш да бидеш понизен.“ Тоа го истакна папата Фрањо во проповедта на светата Литургија која ја служеше на 29 јануари 2018 година во домот Света Марта.
Централно место во размислувањето на папата Фрањо беше ликот на царот Давид од првото литугиско читање за денот (2 Царства 15, 13-14), во кое се зборува за навредувањето и понижувањето на Давид. Неговиот син Авесалом се бунтувал против него, а за време на бегството на Семеј, кој припаѓал од родот на Саул, го навредувал, Давид му го дозволува тоа. „Оставете го, нека зборува лошо, зашто Господ му заповедал; можеби, Господ ќе погледне милостиво кон унижувањето мое, и ќе ми воздаде Господ добро за денешното лошо зборување”, одговара Давид.
И покрај својата „благородната душа“, зошто два пати можел да го убие Саул, не не го направил тоа, тој исто така е грешник со „тешки гревови,“ рече Папата: „неверството и убиството на Урија“. И порај тоа, Црквата го почитува како светец, „зашто дозволува да биде променет од Господ, и дозволува да му биде простено; се покајува, а тоа не е лесно за еден грешник.“ (…)
„Понекогаш си мислиме дека понизноста значи да бидеме спокојни, можеби со наведната глава до земјата. Но, тоа не е вистинската понизност, која ниту го спасува, ниту го чува срцето.“
„Нема вистинска понизност без понижение; ако ти не си способен да го поднесеш понижувањето, тогаш не можеш да бидеш понизен. Ако не знаеме да го живееме понижувањето, не сме понизни – истакна Светиот Отец напоменувајќи дека секогаш постои искушението да се бориме против оној кој нè клевети, навредува, понижува, но, Давид и Господ, кој поднесува понижување на Голгота, велат „не“. Да одиме по Исусовиот пат: поднесувајќи ги понижувања со надеж – рече папата Фрањо поттикнувајќи ги на крајот верниците од Господ да ја побараат благодатта на понизноста, но со понижување.
РВ/к.мк