Папата: Некои ги вадат моите зборовите од контекст за да ме одведат каде што сакаат

Папата: Некои ги вадат моите зборовите од контекст за да ме одведат каде што сакаат

Извадок од интервјуто на папата Фрањо за шпанскиот весник ABC. Интервјуто, потпишано од Џулијан Кирос, директор на ABC и Хавиер Мартинез-Брокал, дописник од Ватикан за ABC, ќе биде целосно објавено утре, 18 декември.

Како е коленото?

Веќе одам, одлуката да не се оперирам се покажа како вистинска.

Гледам дека сте многу подобро…

(Смеа) Да, веќе ја достигнав возраста кога треба да се каже „Колку добро изгледаш!“.

Кога Ве видов во количка, мислев дека Вашиот распоред ќе се редуцира, но тројно е зголемен.

Се управува со главата, а не со коленото.

На 13 март ќе ја прославите својата десетгодишнина како Папа. Вашиот избор не изненади сите.

И мене. Резервирав билет за да се вратам во Буенос Аирес навреме за Цветници. Бев многу смирен.

Како научивте да бидете Папа?

Не знам дали научив или не… Историјата те фаќа каде што си.

Што Ви е најтешко во тоа што сте Папа?

Не можам да одам по улица, не можам да излезам. Во Буенос Аирес бев многу слободен. Користев јавен превоз, ми се допаѓаше да гледам како се движат луѓето.

Но, сè уште гледате многу луѓе…

Контактот со луѓето ме исполнува, затоа во среда немам откажано ниту една аудиенција. Но, ми недостига излегувањето на улица, бидејќи сега контактот е функционален. Одат да го „видат Папата“, поради функцијата. Кога излегував на улица, не ни знаеја дека сум кардинал.

Тука во Домот Света Марта гледате многу луѓе. Изгледа дека некои го искористуваат тоа и сакаат да стават до знаење дека се пријатели на Папата за свои интереси.

Пред шест-седум години на света Литургија дојде аргентински кандидат. Направија фотофрафија пред сакристијата и јас им реков: „Ве молам да не ја користите ова фотографија за политички цели“. „Можете да бидете сигурни“, одговори тој. Една недела подоцна, Буенос Аирес беше излепен со таа фотографија, направена да изгледа како да е лична аудиенција. Да, понекогаш ме искористуваат. Но, ние го користиме Бог многу повеќе, па ќе молчам и ќе продолжам понатаму.

Исто така, мора да е тешко секој што секој Ваш збор мора биде избалансиран.

Понекогаш тоа го прават со херменевтика пред тоа што сум го кажал, за да ме одведат таму каде што сакаат. „Папата го кажа ова“… Да, но јас го кажав во одреден контекст. Ако го извадите од контекст тоа значи нешто друго.

Ниту еден Папа никогаш не давал прес-конференции или интервјуа зборувајќи толку слободно.

Времињата се менуваат.

Каков подарок би посакал за овој Божиќ?

Мир во светот. Колку војни има во светот! Најблиску нѐ погодоува онаа во Украина, но да се потсетиме и на Мјанмар, Јемен, Сирија, каде борби се водат веќе тринаесет години…

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот