Папата: Нека решенијата на кризата предизвикана од коронавирусот биде во корист на луѓето, а не на парите
На светата Литургија во домот Света Марта, папата Фрањо посебно се молеше за политичарите и научниците да го пронајдат вистинскиот пат за решение на кризата која ја предизвика коронавирусот. Во проповедта зборуваше за изборот помеѓу животот на народите и богот на парите. Ако се изберат парите, се избира патот на гладот, ропството, војните, фабрики за оружје, деца без образование.
Денес се молиме за владетелите, за научниците и политичарите, кои започнуваат да бараат решенија за времето после пандемијата; за тоа „после“ кое веќе започна; да го пронајдат вистинскиот пат, секогаш во корист на луѓето, секогаш во корист на народите – рече папата Фрањо на почетокот на светата Литургија која ја служеше во домот Света Марта на 13 април 2020 година. Во проповедта се осврна на Евангелието за денешната Литургија, и кажа дека тоа ни нуди избор кој важи и денес: надеж во Исусовото воскресение и носталгија за гробот. Подобро е да не живееме со отворен гроб, затоа што ќе ни донесе многу проблеми.
Свештеничките поглавари затоа одлучуваат да го сокријат тој факт плаќајќи за молчењето. Тоа е вистинска корупција – рече Папата и додаде: Ако не Го исповедуваш Исус Христос Господ размисли заради што; каде е печатот на твојот гроб, каде е корупцијата. Вистина е дека многу луѓе не го исповедаат Исус затоа што не Го познаваат, затоа што ние не го навестуваме доследно; и тоа е нашата вина. Но, кога пред очигледна вистина се тргне по тој пат, тоа е ѓаволски пат, патот на корупцијата.
И денес кога ќе заврши пандемијата ќе се најдеме пред таква можност: или ќе се одлучиме за животот, за воскресението на народот или за богот пари; ќе се вратиме во гробот на гладот, ропството, војните, фабриките за оружје, деца без образование… таму во гробот. Нека Господ во нашиот личен, како и општествен живот секога ни помогне да го избереме навестувањето кое е хоризонтот, секогаш отворен, нека ни даде да избереме добри луѓе; никогаш да не паднеме во гробот на богот на парите – рече на крајот папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк