Папата на Твитер повика на молитва за прогонетите христијани

Папата на Твитер повика на молитва за прогонетите христијани

Црквата на 26 декември го слави празникот на свети Стефан Првомаченик и по тој повод папата Фрањо со своите следбеници на Твитер го сподели следното кратко размислување: Денес сакам да се присетиме на сите прогонети и да им бидеме во близина со својата љубов и со своите молитви.

Папата од почеткот на својот понтификат предупредува на прогонот на христијаните, поттикнувајќи ги верниците да се молат за своите браќа и сестри кои страдаат само затоа што се христијани. Така во својата молитвена накана за март 2017 година повика да се молиме за прогонуваните христијани: католици, православни и протестанти затоа што прогонувачите не прават разлика помеѓу верските заедници. Ве охрабрувам да се молите со мене за прогонетите христијани да ја почувствуваат поддршката од сите Цркви и заедници во молитвата и по пат на материјална помош – истакна Светиот Отец во пригодната видео-порака.

По пат на своите пораки кои ги објавува на Твитер, папата Фрањо настојува луѓето да ги направи свесни дека христијаните се изложени на прогонства. „Да се сетиме на голем број нашите браќа и сестри христијани кои се прогонети заради нивната вера. Да бидеме соединети со нив,“ напиша Папата во својата порака на Твитер по повод овогодинешниот „Ден на молитва и пост“ во спомен на мисионерите маченици кој се одбележува на 24 март. (…)

На крајот спомнуваме дека свети Стефан е првиот маченик христијанин, а Делата на светите апостоли сведочат дека бил еден од седумте ѓакони избрани во Првата Црквата. За неговиот ран живот ништо не се знае, а тоа што го знаеме за подоцниот живот на свети Стефан се наоѓа во Делата на светите апостоли. Дознаваме дека Стефан по Исусовата смрт отворено ја проповедал Исусовата наука и дека припаѓа на заедницата на учениците христијани заради што лажно е обвинет дека „богохули“ и го каменувале. Стефан во моментите на умирање го молел Господ: „Господи не земај им го ова за грев!“ Неговата судбина е толку слична со Исусовата, а фактот дека неговата маченичка смрт уште повеќе ги обединила христијаните, будејќи во нив подготвеност дури и со својата крв да посведочат дека Исус е ветениот Месија, Спасителот на светот.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот