Папата на Литургијата во базиликата Свети Иван Латерански: Бог секогаш нé чека
Ватикан, 8.4.2013 /к.мк/ – Со свечена Литургија папата Фрањо на 7 април како Римски епископ ја презема својата катедрала, базиликата Свети Иван Латерански. На почетокот од светата Литругија Папата беше воведен и поздравен во базиликата од викарот на Римската бискупија, кардинал Агостино Валини.
Свети Оче, светата Црква во Рим денес од радост воскликнува кон Господ прифаќајки го својот епископ, наследникот на свети Петар, кој ја презема катедрата. Ова е избрано и благословено место, од кое, со вера низ вековите, е карпа на која е изградена Црквата и ги утврдува браќата во правоверието, претседава со во љубовта сите Цркви и со одлучна благост ги води на патот на светост, истакна кардинал Валини. Нашето славословие се воздига до Пресветата Троица и нашиот молитвен повик е од едниот крај до другиот крај на земјата да ја обликува само едно стадо. Свети Оче, со синовска верност, исповедуваме дека ќе бидеме покорни и послушни на Вашето научителство и водство – реча кардинал Валини.
Во својата проповед на празникот на Божјото Милсордие Папата говореше токму за Божјото Милосрдие, истакнувајќи дека Божјата љубов кон нас е голема и дека никогаш не престанува. Бог секогаш нé држи цврсто за рака и ни помага, повторно нé подигнува кога паѓаме, нé води. Во продолжение папата Фрањо говореше за Божјата стрпливост и нежност која дојде до израз во трите настаните од Евангелијата: во Евангелието за неверниот Тома, Петровото одрекување, како и двајцата ученици на патот за Емаус. Тоа е Божјиот стил: тој не е нестрплив како нас, кои сакаме сé и веднаш. Бог е стрплив со нас бидејќи нé љуби, а оној кој љуби тој разбира, се надева, верува, не заминува, не ги руши мостовите, знае да прости. Поради тоа во нашиот христијански живот да се сетиме: Бог секогаш нé чека, и тогаш кога се оддалечуваме од него! Тој никогаш не е далеку и ако му се вратиме подготвен е да нé прегрне, рече папата Фрањо и во продолжение ја коментираше параболата за милосрдниот отец. Бог секогаш нé чека, не се изморува, рече Светиот Отец. Исус ни ја покажува таа Божја милосрдна стрпливост за да ја пронајдеме верата, надежта и љубовта.
Цитирајќи го големиот теолог Романо Гвардини, Папата рече дека постои како „некој дијалог помеѓу нашите слабости и Божјата стрпливост. Дијалог кој ни дава надеж.“
Мораме да собереме храброст да му се вратиме, па колку и да сме биле во заблуда, колку и да сме биле грешници, истакна папата Фрањо. Како и Тома и ние можеме да влеземе во Исусовите рани, можеме реално да го допреме и тоа се случува секој пат кога со вера ги примаме светие Тајни. Токму таму, во Исусовите рани ние сме сигурни, тука се покажува неговата бескрајна љубов на неговото срце. Важно е, додаде Папата, да се има храброст да се надеваме на Исусовото милосрдие, да се надеваме на неговата стрпливост, сокривајќи се секогаш во неговите рани на љубов. Можеби некои од нас би можеле да бидат обесхрабрени поради сопствениот грев, но „Бог те чека токму тебе, од тебе бара храброст да одиш кај него“, истакна Папата. Колку пати во мојата пасторална служба ми се случило, им се довери Папата на верниците во базиликата свети Иван Латерански, да слушнам: „Оче, имам многу гревови, а јас секогаш упатував ист повик: Не плаши се, оди кон Него, тој те чека, тој ќе направи се.“ „Со колку многу световни понуди сме засипани од сите страни, но да дозволиме да нé привлечи она што Бог ни го нуди, тој да нé помилува со својата љубов.“ Преку Исусовите рани ние сме оздравени, продолжи Папата. Значи, гледајќи го мојот грев јас можам да го видам и сретнам Божјото милосрдие, неговата љубов и да појдам кон него за да примам простување. „Во мојот личен живот многу пати го видов Божјото милосрдно лице, неговата стрпливост, исто така кај многу луѓе ја видов храброста да влезат во Исусовите рани, говорејќи му: ‘Господи тука сум, прифати го моето сиромаштво, во своите рани сокриј го мојот грев, испери ја со својата крв’. И секогаш гледав дека Бог тоа го правеше, дека прифати, утеши, испра, љуби. Да дозволиме да не опфати Божјото милосрдие; да се надеваме на неговата стрпливост, која секогаш ни дава време; да имаме храброст да се вратиме во неговиот дом, да престојуваме во раните на неговата љубов, да му дозволиме да нé љуби, да ја сретнеме неговата љубов во светите Тајни. Тогаш ќе ја почувствуваме неговата нежност, ќе ја почувствуваме неговата прегратка и ние ќе бидеме способни за милосрдие, стрпливост, простување, љубов“, рече Светиот Отец на проповедта за време на светата Литургија во базиликата свети Иван Латерански.