Новоименуваниот кардинал Конрад Крајевски, Папскиот делител на милостина, на 29 јуни 2018 годоина на вечера повика 280 сиромашни и на тој начин го прослави своето именување за кардинал, кое го прими на конзисториумот ден претходно.
Изненадување беше и присуството на папата Фрњао, кој седна на првото слободно место, на задната маса на која седеа вработени од Ватикан. Дури и новименуваниот кардинал Крејевски не знаеше за неговото доаѓање. Дојдов поради сиромашните, а не поради Вас – рече Папата шегувајќи се со кардиналот Крајевски. Папата по вечерата остана околу два часа разговарајќи со присутните на многу срдечен начин, слушајќи за нивните животи, кои често се испреплетени со страдање, но и со надеж.
Вечерата за сиромашните беше послужувана од околу 60 волонетри. Меѓу нив беше и Карло Санторо од заедницата Свети Егидиј, кој со Апостолската милостилница соработува помагајќи на бездомниците во Рим. Тоа беше посета со топлина, бидејќи беше вечера на новиот кардинал со сиромашните – истакна Санторо и додаде: На големо изненадување на сите, дојде и Светиот Отец.
Мислевме дека ќе биде едноставен поздрав и дека ќе си замине за време на вечерата – рече Саното и продолжи: Наместо тоа, кардинал Конрад ненадејно ми рече да направам место покрај себе и додаде еден стол за Папата, кој сите ги поздрави со голема љубов. На нашата маса седеа бегалци од Сирија, кои дојдоа преку нашите хуманитарни коридори, еден од нив дојде од Лезбос со Папата во авионот. Значи на малку неочекуван начин повторно можеше да разговара со Светиот Отец и му кажа дека се интегрира и дека има вработување.
Покрај бројните соговорници папата Фрањо разговараше и со неколку пријатели на мене и на кардиналот, со кој секојдневно соработуваме, и со оние кои спијат околу базиликата Свети Петар – рече Санторо и додаде: Го запознавме со нив, бидејќи некако се и негови соседи, а Светиот Отец со нив беше многу љубезен. Кардинал Крајевски му објасни на Папата дека многу соработуваме со нив и околу организација на погребите на оние кои умираат на улица. Тоа е начин да се даде достоинство на оние кои се отфрелни и кои имале посебно тежок живот. Папата сакаше да биде информиран за сето тоа.
Светиот Отец беше восхитен од фактот кога му кажавме дека многу бездомници ни помагаат за да им помогнеме на другите – рече Санторо и продолжи: На пример кога оваа година беше многу ладно, многумина од нив ни помогнаа да ги поделиме покривките. Мислам дека за сиромашните е важно да им се врати достоинството кое им е одземено. Тоа важи и за нас, да помагаме на другите, значи да се има достоинство – рече на крајот Санторо.
Ватиканњуз/к.мк