Блиску сме до пресвртна точка, потребна е индивидуално и колективно еколошко преобраќање. Во својата порака за Светскиот ден на молитва за грижа на создадениот свет, Папата, во поглед на двете клучни средби, COP27 и COP15, посветени на двојната криза, климатската криза и онаа поради големото намалување на биолошката разновидност. бара од заедницата на народи одлучна акција.
Мајката Земја плаче, живите суштества плачат, сиромашните, домородните народи и нашите деца гледаат во иднината; деградацијата и експлоатацијата на животната средина е предизвик на кој мора да се одговори. Потребна е индивидуално и колективно еколошко преобраќање; кој може нека дејствува. Ова го истакна папата Фрањо во пораката за Светскиот ден на молитвата за грижа на создадениот свет, кој се слави на 1 септември. Со тој датум започнува „Времето на создавањето“ – потсетува Папата – кое трае до празникот Свети Фрањо, 4 октомври. Посебен момент е за сите христијани, да се молиме и заедно да се грижиме за нашиот заеднички дом.
На почеткот вдахновен од Цариградскиот вселенски патријарх – објаснува Папата – тоа е пригодно време за нега на нашето „еколошко преобраќање“, преобраќање кое свети Иван Павле II. го поттикна како одговор на еколошката катастрофа, која пак свети Павле VI. ја најави веќе во 1970 година. За „Времето на создавањето“, Папата посебно бара молитви оваа година со оглед на двата важни самити за прашањата за климата и биолошката разновидност, така што сите ќе застанат и ќе дејствуваат одлучно.
Ватикан њуз/к.мк