Папата на Ангел Господов: Најмногу што можеме да направиме за покојните е да се служи Литургија за нивните души

Пред молитвата Ангел Господов на 2 ноември папата Фрањо собраните верници ги потсети дека вчера го славевме празникот на Сите Светци, додека денес се сеќаваме на сите покојни верници и декаовие два спомена се поврзани како што радоста и страдањето во Христос се поврзани во темелот на нашата вера и надеж. Од една страна е радост за светите и блажените, а од друга страна стрдање заради разделеност од саканите лица.

Папата потсети дека многу луѓе овие денови ги посетуваат гробовите на своите покојни, со верата во воскресението, во Последниот ден. „Но, денес сме повикани да се сетиме на сите; и на оние на кои никој не се сеќава“ – рече Светиот Отец. „Да се сетиме на непознатите луѓе во заедничките гробници. Да се сетиме на жртвите на војни и насилство, и на многу „мали“ во светот уништени од гладот и бедата. Да се сетиме на браќата и сестрите кои се убиени затоа што се христијани; како и оние кои го жртвувале својот живот во служба на другите. Да ги довериме на Господ особено оние кои ова година нè напуштија.“

Папата потсети дека најдобрата помош која може да им се пружи на покојните е Евхаристијата, а темелот на таа молитва е во заедништвото со Христовото мистично тело т.е. Црквата. Сеќавањето на покојните и грижата за нивните почивалишта е сведоштво на верата исполнета со надеж, вкорената во сигурноста дека смртта го нема последниот збор над човекот и дека човекот е одреден за живот без граница во Бог – објасни папата Фрањо.

Светиот Отец потоа упати молитва до Бог за покојните, барајќи милосрдие за „оние кои го напуштиле овој свет и заминале во вечноста“. „Нека ниедно од Твоите деца не биде изгубено во вечниот пламен на пеколот, каде што нема повеќе појание. Ти ги доверуваме Господи душите на нашите сакани; луѓето кои умреле без утехата на светите Тајни или немале можност да се покајат пред крајот на својот живот.“

„Нека никому не му биде страв да Те сретне после земското ходочастие, со надежта дека ќе бидат примени во прегратките на Твоите бесконечни милости“. Завршувајќи ја молитвата за покојните, Папата повика на прибегнување кон Блажена Дева Марија на патот кон конечната цел во животот – небесата. По молитвата Ангел Господов, Папата ги поздрави собраните ходочасници, потсетувајќи ги верниците да молат за него, отпуштајќи ги со вообичаениот поздрав.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот