Лекарите очекуваат во наредните денови папата Фрањо да биде отпуштен од римската болница „Гемели“, бидејќи неговата клиничка слика напредува нормално, без компликации, изјави Матео Бруни директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, кој информираше за здравствената состојба на Папата.
Се очекува папата Фрањо да биде отпуштен во наредните денови. Ова го соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол во најновата информација за здравствената состојба на Светиот Отец по операцијата на која беше подложен минатата среда.
Во изјавата на директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни, истакна: „Светиот Отец добро се одмори во текот на ноќта. Медицинскиот персонал известува дека клиничкиот тек се одвива нормално без компликации и затоа е предвидено тој да биде отпуштен во следните неколку дена.“
Утрото, додаде Бруни, „Светиот Отец се посвети на своите работни активности. Пред пладне отиде во капелата на својот приватен апартман, каде што помина време во молитва и прими Света Причест.
Според хирургот, професорот Серџо Алфиери, по одреден период на опоравување, Папата ќе може да продолжи со патувањата и вообичаените активности, но не треба да крева тешки предмети.
Минатата недела Канцеларијата за печат на Светиот Престол објави дека аудиенциите на Папата се суспендирани до 18 јуни.
Во наредните месеци претстојат две меѓународни Апостолски патувања на папата Фрањо. Првото, на почетокот на август, во Португалија на Светскиот ден на млади во Лисабон и второто на крајот на август во Монголија.
Ватикан њуз/го*ко