На 24 март 2017 година, папата Фрањо напиша две пораки на Твитер.
Во првата истакна дека „постот е плодоносен кога го придружува конкретната љубов кон ближниот, посебно оние во неволја.“ Светиот Отец втората порака на Твитер ја напиша по повод денот на молитвата и постот во спомен на мисионерите маченици, кој се одбележува на 24 март. „Да се сетиме на толку наши браќа и сестри христијани кои се прогонети заради нивната вера. Да бидеме соединети со нив,“ стои во пораката.
Потсетуваме дека Денот на молитвата и постот во спомен на мисионерите маченици е поттикнато од Движењето на младите на Папските мисиски дела, и тоа на годишнината од убиството на блажен Оскар Арнулф Ромеро, надбискуп на Сан Салваторе (24 март 1980 година), кој во мај 2015 година е прогласен за блажен. Со тој потфат по пат на молитва и пост сака да се потсети на сите убиени мисионери во целиот свет, како и на пасторалните работници кои ја пролеале крвата сведочејќи го Евангелието.
РВ/к.мк