Папата Фрањо најенергично го осуди терористичкиот напад во базиликата Нотр Дам во францускиот град Ница кој се случи на 29 октомври и воедно моли за трите невини жртви и нивните семејства. Покрај тоа ја повика целата земја на единство во овој тежок момент.
Во текот на денот кога се случи теростичкиот напад од Ватикан се испратени две пораки: една ја потпиша државнот секретар кардинал Пјетро Паролин, а втората директорот на Канцеларијата за печат Матео Бруни. Во пораката на кардинал Паролин насловена до бискупот на Ница, Андре Марсе, државниот секретар нагласи дека Светиот Отец најенергично ги осудува насилните терористички дела и истовремено ја изразува својата близина со католичката заедница во Франција и целата нација ја повикува на единство.
Неделго пред тоа, одговарајќи на новинарите, директорот на Канцеларијата за печат говореше за моментот на болка, во време на збунетост, повторувајќи дека: „Тероризмот и насилството никогаш не можат да бидат прифатени особено кога суровоста сее смрт на местото на љубовта и утехата, во куќата Господова.“ Ја пренесе и надежта на Светиот Отец дека ќе престане насилството па луѓето ќе се гледаат како браќа и сестри, а не како непријатели.
„Ја изразувам близината до католичката заедница во Ница, во жалоста поради нападот кој посеа смрт на местото на молитва и утеха. Молам за жртвите, за нивните семејства и за саканиот француски народ, како на злото би се реагирало со добро“, порача Папата на својот Твитер профил.
За потсетување, во три одвоени напади, од кој оној во Ница започна во црква, исламистичките терористи убија три лица, а едно лице ранија. Како јавуваат медиумите, напаѓачот во овој француски град е 21 годишен Тунижанец кој неодамна влегол во Франција од Италија. Во обид да го уапси, полицијата го рани осомничениот, па се наоѓа во болница. Извештаите велат дека во текот на нападот и после апсењето извикувал: „Алах Акбар“.
Ватикан њуз/к.мк