Во видео порака до учесниците на меѓународната конференција одржана со наслов „Истражување на умот, телото и душата“ папата Фрањо ја нагласува важноста на интердисциплинарното истражување за подобро разбирање на нашата човечка природа.
Тоа пред сѐ е прилика за да изразам благодарност до оние кои како лична и професионална обврска ја избрале грижата за болните и поддршка на оние во потреба, а посебно на оние кои неуморно се заземаат во борбата против пандемијата која и понатаму однесува животи и која истовремено го става на искушение нашето чувство за солидарност и братство – истакна папата Фрањо во видео пораката со која заврши конференцијата насловена „Истражување на умот, телото и душата.“
Тридневниот собир кој го организираше Папскиот совет за култура, фондацијата „Кура“ и фондацијата „Наука и вера“ се одржа онлај. Лекари, научници, стручњаци за етика, верски водачи, креатори на политики и филантропи разговараа за последните откритија на подрачјето на медицината, здравствената заштита и превенцијата, како за културното влијание на технолошкиот напредок, размислувајќи притоа и за односот помеѓу умот, телото и душата. (…)
Папата во видео пораката изразува задоволство за модерници медицински науки кои – како што рече, без сомнеж пред нас го отворија хоризонтот на спознанието и меѓуделувањето кои пред неколку векови не можеле ниту да се замисли. Станува збор за вистински напредок кој се претвори и се претвора во софистицирани истражувања и посоодветна и сѐ попрецина грижа. (…)
Не треба да заборавиме дека човечкото битие го сочинуваат „телото, умот и душата“. Станува збор за три категории – рече папата Фрањо, кој се разликуваат од „класичното“ христијанско гледање, чиј најпознат модел на личноста сфатен како неразделиво единство на телото и душата која пак поседува интелигенција и волја. Тоа гледање не е исклучено – објасни Папата, одредени димензии на нашето битие денес премногу често раздвоени, всушност меѓусебно прават длабок и неразделен спелет. (…)
Благодарение на интердисциплинарното истражување можеме подобро да ја сфатиме динамиката која постои помеѓу нашата физика состојба и околината во која живееме, помеѓу здравјето и она што го јадеме, помеѓу психофизичкото здравје и грижата за духовниот живот – исто така преку молитвата или медитацијата во нејзините различни облици – па дури и помеѓу здравјето и уметноста, а посебно мислам на музиката – истакна и додаде: Затоа медицината не случајно е мост помеѓу природните и општетсвените науки, толку што во минатото ја нарекувале philosophia corporis’ за што сведочи еден од ракописите кои се чуваат во Ватиканската апостолска библиотека. (…)
Ватикан њуз/к.мк