Папата: Младите треба да гладуваат за автентичен живот

Папата: Младите треба да гладуваат за автентичен живот

Младите треба да гладуваат за автентичен живот, а возрасните се повикани да даваат пример и да не имат намалено, затворено срце – истакна папата Фрањо за време на Генералната аудиенција која ја одржа на плоштадот Свети Петар, на 13 јуни пред околу 15 илјади верници.

Папата Фрањо започна нова серија на катехези во која ќе се фокусира на „Десетте Божји заповеди“. На почеткот на катехезата папата Фрањо потсети дека денес си спомнуваме на свети Антон Падовански, презвитер и црковен научител, и им го честиташе именденот на сите оние кои го слават.

Што треба да направам за да наследам живот вечен?

Потоа премина на темата за Божјите заповеди, а појдовна точка на неговото размислување беше средбата помеѓу Исус и момчето кое клекнало пред Него и го прашало: „Учителе добар, што треба да направам, за да наследам живот вечен?“ (Марко 10, 17-21). Светиот Отец напомена дека во тоа прашање се наоѓа предизвикот на секоја егзистенција, па и на нашата: имено желбата за полн, безграничен живот. Но, што треба да направиме за да го постигнеме: По кој пат да одиме? Колку само млади настојуваат да „живеат“, а потоа се уништуваат и одат по минливи работи – предупреди Папата.

Опасноста од просечност и малодушност

Некои мислат дека би било подобро да се исклучи тој порив за живот затоа што е опасен – рече папата Фрањо и продолжи: Би сакал да кажам посебно на младите дека нашиот најлош непријател не се конкретните проблеми, без разлика колку би биле сериозни и драматични, туку наголема животна опасност се просечноста и малодушноста. Светиот Отец потоа праша дали има млад човек кој западнал во просечноста за иднината, одговарајќи негативно, затоа што ако остане во таа состојба не расте, нема да постигне успех. Напомена дека малодушни млади се оние кои се плашат од сѐ, кои не напредуваат, додавајќи дека се потребни кроткост и сила, а не малодушност и просечност.

Живеј, не животари

Блажен Пјер Џорџио Фрасати кој бил младо момче зборувал дека треба да живееме, а не да животариме – истакна папата Фрањо и продолжи: Просечните животарат, а потребно е да се живее со животна сила. Треба да молиме од небесниот Отец за денешни млади да им го даде дарот на здравиот немир. Животот на младите луѓе е да се оди напред, да се биде немирен, да се има здрав немир, способност да не се задоволи со живот без убавина, без боја. Ако младите на гладуваат за автентичен живот се прашувам каде ќе оди човештвото?

Премин од младост во зрелост

Папата рече дека прашањето кое момчето му го поставува на Исус се наоѓа во секој од нас: како да се пронајде животот, живот во изобилство, среќата? Исус одговара: „Заповедите ги знаеш“, наведувајќи потоа дел од Десетте Божји заповеди. Светиот Отец рече дека станува збор за педагошки процес со кој Исус сака да доведе до точно одредено место. Имено од прашањето на момчето веќе е јасно дека тој ја нема полнотата на животот, туку бара повеќе. Што треба да сфати? Момчето му одговара на Исус? „Учителе, сето тоа сум го запазил од младини.“ (Марко 10, 20). Како се преминува од младост во зрелост? – праша папата Фрањо и одговори: Кога се започнува да се прифаќаат сопствените ограничувања. Се станува возрасен човек кога стануваме свесни за „она што недостасува.“ (Марко 10, 21)

Напомена дека Исус во Евангелието истакнува нешто што може да ни помогне: „Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам“ (Матеј 5, 17). Господ Исус дарува исполнување, дојдел заради тоа – рече Светиот Отец. Потоа потсети дека Исус во последниот повик на момчето не му предлага сиромаштво, туку вистинско богатство: „Едно не ти достига: оди и продај сè што имаш, и раздај го на сиромаси, и ќе имаш сокровиште на небото; дојди и врви по Мене, кога ќе го земеш крстот.“ (Мк 10, 21)

Кој кога би му се понудило да избра помеѓу оригиналот и копијата, би избрал копија? – праша Папата и продолжи: Предизвик е да се пронајде животниот оригинал, а не копијата. Исус не нуди сурогати, туку вистински живот, вистинска љубов, вистинско богатство! Како младите можат да нѐ следат во верата ако не гледат дека го избираме она изворното, ако гледат дека сме зависни од полумерките? Грдо е да најдеш христијани со мали, затврени срца – предупреди папата Фрањо додавајќи дека е потребен пример на некој кој ме повикува на „понатаму“, на „повеќе“. Свети Игнациј Лојолски тоа го нарекол „magis“, оган, жар на делување кој ги растресува заспаните.

Целта на новата серија катехези

Папата уште еднаш потсети дека Исус не дошол за да го укине законот и пророците, туку за да го исполни, и додаде дека треба да започнеме од реалноста за да направиме скок во „она што недостасува.“ Треба да го проучиме редовното и обичното за да се отвориме за изворедното. Светиот Отец на крајот ја наведе целта на новата серија катехези: како христијани ќе ги земеме двете плочи на Мојсеј, држејќи го Исуса за рака, за да одиме по Него, да преминеме од илузијата на младоста во богатството кое е на Небото. Ќе откриеме во секој од тие стари мудри закони, врата која ја отворил Отецот кој е на небесата, за Господ Исус кој поминал низ нив, да нѐ воведе во вистинскиот живот, во својот живот, во животот на деца Божји – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот