Папата: Мало семе со голема сила

Во неделниот наговор на 14 јуни 2015 година пред молитвата Ангел Господов, Светиот Отец потсети дека во четврток ќе биде објавена енцикликата за чување на создаденото, а потоа се осврна на литургиското Евангелие, велејќи дека дава две кратки параболи: за семето кое само ‘рти и за зрното синапово.

Со слики од земјоделството Исус зборува за ефикасноста на Божјото Слово за Царството Божјо, истакнувајќи ги причините за нашата надеж и овоземските преземања – рече Папата.

Првата парабола го истакнува фактот дека посеаното семе само ‘рти, без разлика на сеачот кој се надева на внатрешната сила на семето и на плодноста на земјата. Во евангелскиот говор семето го означува Божјото Слово, на чија плодност потсетува ова парабола. Како што семето во земјата расте, така и Божјото Слово делува во срцето на оној кој го слуша. Бог своето Слово го доверил на нашата земја, т.е. на секој од нас. Можеме да живееме со доверба, бидејќи Божјото Слово е Творец, одредено да стане „полно зрно во класот.“(Мк 4, 28)

Тоа Слово ако се прифати сигурно ќе донесе плодови бидејќи ‘рти и созрева како што Бог сака, а тоа ние не можеме да го провериме, ниту спознаеме (Мк 4, 27). Од тоа сфаќаме дека Бог секогаш го поддржува растот на своето Царство, за човекот да е понизен соработник, кој гледа и се радува заради Божјото делување и трпеливо ги очекува плодовите. Божјото Слово поттикнува раст, дава живот. Би сакал уште еднаш да потсетам на важноста Светото Писмо да ни биде на дофат на рацете; Евангелието во торбата и во џебот и секој ден да се храниме со Божјото Слово: секој ден треба да прочитаме еден дел од Евангелието, од Библијата. Ве молам не заборавајте, бидејќи тоа ни дава сила преку која во нас ‘рти Царството Божјо – истакна Папата, а потоа ја протолкува параболата за синаповото зрно.

Иако е најмало од секое семе, полно е со живот и расте поголемо од секое растение (Мк 4, 32). Царството Божјо е такво: наизглед многу мало и безначајна реалност. За да се влезе во тоа царство, во срцето треба да се биде сиромашен; да не се надеваш на сопствените способности, туку на Божјата љубов; да не бидеме жедни за да бидеме големи во очите на светот, туку скапоцени во очите на Бог кој избира едноставни и понизни. Кога така живееме, тогаш Христовата сила од нас избива и тоа што е мало и скромно се преобразува во реалност кој го менува целокупниот свет и историјата –истакна папата Фрањо.

Овие две параболи ни дават важна поука. Божјото Царство ја бара нашата соработка, но тоа во прв ред е Божји потфат и дар. Ако своето слабо дело на изглед немоќно пред сложените светски проблеми го вклучиме во Божјото, тогаш тоа не се плаши од тешкотија. Господовата победа е сигурна, неговата љубов прави во земјата да никне и да расте секое добро семе. Тоа ни отвора доверба и оптимизам и покрај драмите, неправдите и страдањата со кои се среќаваме. Семето на доброто и мирот ‘рти и расте бидејќи Божјата милосрдна љубов прави да созрева – рече Папата.

Нека Блажена Дева Марија која како „плодна земја“ го прифатила семето на Божјото Слово нè поддржи во оваа надеж – заврши Светиот Отец, а потоа ја предводеше маријанската молитва. По молитвата Папата потсети дека денес се одбележува Светскиот ден на дарителите на крв, милиони луѓе кои во тишина придонесуваат за да се помогне на браќата во тешкотија. Им се заблагодарувам на сите дарители, а младите ги повикувам да го следат нивниот пример – рече Папата, додавајќи:

Како што е веќе јавено следниот четврток ќе биде објавена енцикликата за грижата за создаденото. Повикувам тој настан да се проследи ставајќи акцент на уништување на животната средина, но и на обновувањето на сопствените територии. Енцикликата се обраќа на сите. Да молиме сите да можат да ја прифатат нејзината порака и да растат во одговорноста за заедничката куќа која Бог ни ја доверил. На сите ви посакувам пријатна недела. Ве молам да не заборавите да молете за мене. Добар апетит и до гледање – посака Папата.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот