Ватикан го објави календарот на литургиски славења кои папата Лав XIV ќе ги предводи во наредните месеци.
Папата Лав XIV ќе ја предводи светата Литургија во среда, 14 октомври, на крајот од средбата по повод 10-годишнината од објавувањето на Апостолскиот поттик Amoris laetitia, посветена на љубовта во семејството.
Amoris laetitia беше објавена на 19 март 2016 година, на празникот Свети Јосиф, по двегодишната Синода за семејството, свикана од папата Фрањо за да се разговара за прашањата со кои се соочуваат семејствата во современиот свет.
Оваа година, десет години по нејзиното објавување, папата Лав XIV ги свика претседателите на бискупските конференции од целиот свет на средба во Рим, со цел повторно да се разгледаат учењата на Amoris laetitia и начинот на кој денес треба да се проповеда Евангелието на семејствата.
Претстојни литургиски славења
Во наредните недели, папата Лав XIV ќе предводи повеќе литургиски настани. Меѓу нив е и светата Литургија во базиликата „Светилиште на Богородица од Добриот Совет“ во Џенацано, мало место во близина на Рим.
Светиот Отец претходно го посети ова светилиште само два дена по својот избор, на 10 мај 2025 година. За базиликата се грижи августинскиот ред, на кој му припаѓаше папата Лав XIV пред неговиот избор за Римски епископ.
Подоцна во септември, папата Лав XIV ќе отпатува во апостолска посета на Франција, која ќе вклучи и посета на седиштето на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура, УНЕСКО. Четиридневното патување, од 25 до 28 септември, ќе опфати повеќе литургиски славења во Париз, Лурд и Мец.
На 8 октомври, пак, папата Лав XIV ќе служи света Литургија по повод почетокот на академската година за Папските универзитети.
Ватикан њуз/к.мк

