Матео Роси и Лоренцо Були беа примени во Апостолската палата на Ватикан. Разговорите во Државниот секретаријат со кардиналот Паролин и монсињор Галагер се фокусираа на меѓународните кризи, со посебен акцент на конфликтот во Украина, соработката во дипломатијата и важноста на меѓурелигискиот дијалог.
На 12 јануари, папата Лав XIV ги прими на аудиенција во Апостолска палата капетаните-регенти на Република Сан Марино, Матео Роси и Лоренцо Були. Потоа се сретнаа со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин, во придружба на монсињор Пол Ричард Галагер, секретар за односи со државите и меѓународните организации.
Разговори во Државниот секретаријат
„За време на срдечните разговори во Државниот секретаријат“, се вели во соопштението на прес-службата на Светиот Престол, „беа истакнати одличните постоечки билатерални односи, како и придонесот на Црквата во општеството на Сан Марино“. „Потоа“, се додава во соопштението, „вниманието се насочи кон актуелните меѓународни кризи, особено конфликтот во Украина, соработката во мултилатералната дипломатија и важноста на меѓурелигискиот дијалог во промовирањето на мирот“.
Ватикан њуз/к.мк

