Папата Лав им се придружи на кубанските бискупи во повикот за дијалог со САД

Папата Лав им се придружи на кубанските бискупи во повикот за дијалог со САД

По молитвата Ангел Господов, папата Лав XIV изрази голема загриженост за зголемувањето на тензиите меѓу Соединетите Американски Држави и Куба и, придружувајќи се на пораката на кубанските бискупи, повика на враќање на дијалогот. Во последните денови, претседателот Трамп потпиша извршна наредба со која се заканува со царини за земјите што испорачуваат нафта на Куба.

Откако се помоли, папата Лав XIV се осврна на тензиите меѓу САД и Куба, кои ескалираа откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба во петок, 30 јануари, со која се заканува дека ќе воведе царини за земјите што продаваат или испорачуваат нафта на Куба. Тој истакна:

Со голема загриженост ја примив веста за зголемувањето на тензиите меѓу Куба и Соединетите Американски Држави, две соседни земји. Се придружувам на пораката на кубанските бискупи, повикувајќи ги сите одговорни да промовираат искрен и ефикасен дијалог, со цел да се избегне насилство и каква било акција што би можела да ги зголеми страдањата на драгиот кубански народ. Богородица од Кобре нека им помогне и ги заштити сите деца од таа сакана земја!

Порака од кубанските бискупи

Кубанските бискупи вчера, 31 јануари, ја изразија својата голема загриженост во пораката упатена до сите Кубанци со добра волја за влошувањето на социјалната и економската состојба. Пастирите го истакнаа реалниот ризик од понатамошен социјален колапс, особено по неодамнешните одлуки на претседателот на Соединетите Американски Држави да го блокира снабдувањето со енергија на земјата, што може да доведе до социјален хаос и насилство меѓу самите граѓани. Во текстот на пораката, бискупите го истакнаа растечкото чувство на обесхрабрување во народот и упатија апел до целото општество, особено до оние кои имаат најголема одговорност кога донесуваат одлуки за доброто на народот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот