Папата Лав ги повика верниците во Уругвај да градат мостови на мирот

Папата Лав ги повика верниците во Уругвај да градат мостови на мирот

На крајот од својата кратка посета на Пајсанду, папата Лав XIV ја посети Катедралната базилика на Пресвета Богородица од Бројаницата и Свети Бенедикт од Палермо и ги охрабри верниците да бидат градители на мостови и да сеат мир во своите заедници и во светот.

Папата Лав XIV во сабота, 7 ноември 2026 година, помина неколку моменти во тивка молитва во Катедралната базилика на Пресвета Богородица од Бројаницата и Свети Бенедикт од Палермо во Пајсанду, Уругвај.

По излегувањето од базиликата, Светиот Отец откри спомен-плоча во чест на неговата посета, а потоа ги поздрави верниците собрани на плоштадот пред храмот.

Папата им се заблагодари на жителите на Пајсанду за топлото добредојде и повторно ги повика да бидат градители на мостови што ги зближуваат луѓето.

Осврнувајќи се на меѓународниот мост „Генерал Артигас“, кој ги поврзува Уругвај и Аргентина, како и на својата претходна проповед за време на светата Литургија, Папата истакна дека верата во еден Бог може да ги обедини луѓето во заедничката работа за мир.

Пред да се збогува со Пајсанду, Папата им го подели својот апостолски благослов на собраните верници како знак на својата желба да остане близу до нив.

Потоа со автомобил се упати кон меѓународниот аеродром „Тидеo Ларе Борхес“, од каде што полета назад кон Монтевидео.

Изградбата на денешната катедрала во Пајсанду започнала во 1860 година, а во 1949 година папата Пиј XII ја издигнал на ранг на Мала базилика.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот