Потсетувајќи се на полската кралица Света Јадвига, основатека на Јагелонскиот универзитет, папата Фрањо по катехезата на Генералната аудиенција во среда 8 јуни 2022 година, побара од полските верници да прибегнат кон нејзиното застапништво за да замолчи оружјето на европскиот континент.
Нејзиниот живот е испреплетен со историјата на Полска и Европа. Света Јадвига, со унгарско потекло, основателка на Јагелонскиот универзитет во Краков, на универзитетот му го дава својот златен жезол затоа што повеќе сакала дрвен. На 18 февруари 1386 година се омажила за литванскиот велики војвода Јагела. Вистинското богатство, за неа, не е во предметите, туку во нејзината близина со последните. На генералната аудиенција, папата Фрањо, поздравувајќи ги полските верници, ги спомена овие светци и ги поттикна на молитва за мир.
„За време на нејзината канонизација, свети Иван Павле II. потсети дека благодарение на неа Полска се обедини со Литванија и Русија. Верувајте во нејзиното застапништво, молејќи се како неа во подножјето на крстот за мир во Европа“.
Канонизацијата во Краков 1997 година
Папата Иван Павле II во 1997 година ја предводеше светата Литругија за канонизација на Света Јадвига во Краков. Светиот Отец во тоа време нагласи дека угледот на Света Јадвига не доаѓа од царските симболи, туку од силата на духот, длабочината на умот и чувствителноста на срцето.
„Знаете дека кнезовите народни владеат над народите, и упавниците господарат над нив; меѓу вас, пак, нека не биде така; а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга“ (Матеј 20,25-26). Овие Христови зборови навлегле длабоко во совеста на младaта владетелка од анжуанската лоза…“ Нејзината општествена положба, нејзините таленти, сиот нејзин приватен живот целосно ги понуди во служба на Христос, а кога требаше да владее, таа го посвети својот живот на службата на луѓето кои и беа доверени“.
Ватикан њуз/к.мк