На 21 март 2019 година папата Фрањо прими во аудиенција 20 членови на Италијанскиот сојуз на лекари педијатри по повод 40 годишнината од неговото основање.
Во време на голема нерамноправност во лекувањето бидете промотори на солидарно и инклузивно здравство. Во однос на малите пациенти потребно е безусловно посветување со насмевка потребна за храброста и довербата – е патот кој папата Фрањо го истакна во текстот подготвен за Италијанскиот сојуз на лекари педијатри, а кој им го предаде во текот на нивната средба. Таа е организација која поддржува и штити повеќе од пет и пол илјади педијатри, со 40 годишно искуство и 20 годишен наслов „научно друштво“ заради своето ангажирање во формацијата и истражувањето. Папата потсети дека живеејќи ја сопствената работа во стил на вистинско послание, дава христијанско сведоштво.
„Не“ на нерамноправноста во лекувањето и внимание кон начинот на живот
Во нашето време во кое големиот број удобности, технолошкиот и општествениот развој се плаќаат со се поагресивни последици од природната динамика на човечкото тело, Папата истакна дека станува итно потребно да се реализира сериозна образовна програма за здравјето и начинот на живот која го почитува човечкиот организам, така што напредокот да не биде на штета на личноста. Освен тоа Светиот Отец поттикна да бидеме промотори на солидарна и инклузивна култура и здравство.
Во нашето време превенцијата и терапијата сѐ почесто стануваат привилегија за оние кои уживаат одреден животен стандар и можат да си ги дозволат. Затоа ве поттикнувам да се ангажирате таа нерамноправност да не ги погодува најслабите кои веќе се погодени од голем број неволји, туку здравствениот систем на сите да им гарантира лекување и превенција како право на човекот.
Подарете им на децата насмевка
Способност за слушање, разбирање и влевање на доверба; со еден збор внимание кон личноста, е важна карактеристика покрај научната стручност – потсети Папата. Заради тоа родителите кои ви го доверуваат најмилото што го имаате, треба да им се пружи и сигурност од човечки аспект. А децата кои – како што рече Светиот Отец, „со силните антени“ веднаш сфаќаат дали сме расположени или сме растресени затоа што сме посакувале нашето работно време да заврши што порано или сме сакале пациент кој помалку вика, треба да им подариме насмевка. Насмевката е потребна за да им пружите храброст и да го отворите патот до довербата кај малите. Така и лековите ќе бидат делотворни – рече Папата и додаде дека пример за тоа е Исус, извор на близина и нежност.
Послание кое станува сведоштво
На тој начин вашето занимање станува вистинско послание кое го вклучува умот и срцето. Со тој начин на живот давате христијанско сведоштво затоа што настојувате да ги практикувате евангелските вредности и своето чувство на припадност на Црквата; но и преку ширината на погледот, способноста да замислите поправедни општествени можности и здравствен систем во иднина како и преку желбата понизно и стручно да се ставите во служба на секој човек кој ви е доверен – истакна папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк