Светиот Отец во понеделник 31 октомври 2022 година во аудиенција ги прими членовите на Црковната координација за 800-годишнината од упокојувањето на свети Фрањо Асишки, кои ја започнуваат тригодишната подготовка за прославата, која pak својот врв ќе го има во 2026 година.
Во обраќањето пред Црковната координација за 800-годишнината од Фрањевците, папата Фрањо на присутните им порача дека кога го избрал своето име знаел за популарноста на свети Фрањо Асишки, но и за тоа дека не бил сфатен.
„Фрањо е всушност човек на мирот, човек на сиромаштво и човек кој го сака и го слави целото создание; но кој е коренот на сето ова, кој е изворот? Исус Христос. Изворот на сите негови искуства е верата“, рече Светиот Отец. Од овој извор светителот примил изобилство на Светиот Дух, кој го поттикнал да го следи Исус и да го следи Евангелието.
Папата истакна дека претстојниот јубилеј нема да биде обична ритуална прослава доколку воедно се успее да се сфати следењето на Христос и љубовта кон сиромашните. Тоа ќе биде можно „благодарение на атмосферата што произлегува од различните фрањевски „места“ кои ќе бидат во центарот на прославите“.
Првата фаза го вклучува местото Фонтеколомбо, во близина на италијанското место Риети, кое е поврзано со фрањевските правила и Гречо, кое се поврзува со живите јасли. Овие места повикуваат на повторно откривање на воплотението на Исус Христос како Божји пат, истакна Папата.
Другото фрањевско место е Ла Верна, потсетува на стигмите, што ги добил свети Фрањо, кои го поврзувале светителот со „распнатиот Христос“ и му овозможиле интимно да влезе во „човечкиот живот, радикално обележан со добрина и страдање“.
На крајот, Асизи, каде што умре свети Фрањо и каде се пронајдени неговите смртни останки, „ја открива суштината на христијанството: надежта за вечен живот“.
Папата Фрањо истакна дека Бедникот од Асизи и денес е таинство. За да се најде одговорот, рече тој, потребно е „да се посетува училиштето на сиромашните, наоѓајќи во својот евангелски живот начин да се следат стапките на Исус“. Конкретно, тоа значи слушање, одење и навестување на перифериите, истакна Папата.
Свети Фрањо, објасни Папата, слушаше како Исус му зборува, великодушно одговори и постепено сфати што Господ бара од него. Светецот бил и „патник“ кој патувал низ Италија и пошироко, доближувајќи се до луѓето и намалувајќи го растојанието помеѓу Црквата и народот. Ова, рече Папата, е „стилот на христијанската заедница“ која сака да се приближи до сите, а не да се повлече во себе.
„Ова нè учи дека оние што го следат Свети Фрањо мора да научат да бидат непоколебливи и да одат: постојани во контемплацијата, во молитвата; а потоа напред, одејќи да сведочи, сведочејќи за Христа“.
На крајот, Светиот Отец истакна дека во проповедањето на периферијата постои потреба не само од правда, туку и од доверба. „Само верата го враќа здивот на Духот во затворен и индивидуалистички свет“, објасни Светиот Отец. Но, со тој здив, рече тој, ќе можеме да се соочиме со „големите сегашни предизвици, како што се мирот, грижата за заедничкиот дом и новиот модел на развој“.
Папата Фрањо го заврши своето обраќање со охрабрување на присутните да ја живеат претстојната годишнина на фрањевците „во целост“, изразувајќи надеж „дека ова духовно и културно патување може да се комбинира со јубилејот во 2025 година, со верувањето дека свети Фрањо од Асизи сè уште ја поттикнува Црквата да ја живее својата верност кон Христос и неговата послание во наше време“.
Ватикан њуз/к.мк