Размислувајќи за евангелието од неделната Литургија во кое Исус ги учи учениците да ја молат молитвата „Оче наш“, при што папата Фрањо поттикна на молитва без престанок како би влезеле во комуникација со Отецот и би биле во личен однос со Него.
Повикани сме непрекинато да молиме и да не се измориме, како децата кога со своето „зошто“ сакаат да го привлечат погледот на таткото – рече папата Фрањо пред молитвата Ангел Господов, во недела 28 јули 2019 година на плоштадот Свети Петар, зборувајќи за неделното евангелие во кое свети Лука ни зборува за условите во кои Исус ги поучува своите ученици на молитвата „Оче наш“ (Лука 11,1-12). Учениците веќе знаат да молат, изговарајќи образци од еврејската традиција, но сакале да го доживеат истиот „квалитет“ на Исуовата молитва.
Учениците можеле да видат дека молитвата е важна димензија во животот на нивниот Учител, имено секоја негова важна акција е одбележана со долга молитва – рече Папата и истакна: И многу повеќе од тоа, затоа што гледаат дека не моли како другите учители од тоа време; Неговата молитва е интимна врска со Отецот, толку многу силна што посакаа да учествуваат во тие моменти на единство со Бог како во потполност би ја почуствувале неговата слаткост. Така еден ден го чекаат Исус на осамено место да ја заврши својата молитва и потоа од Него бараат: Учителе научи нѐ да молиме“.
Одговарајќи на директното прашање на учениците, Исус не дава апстрактна дефинција за молитвата, ниту поучува со некоја делотврона техника како да се моли и да се „добие“ нешто – рече Светиот Отец и додаде: Наместо тоа ги повика своите ученици да ја искусат молитвата, ставајќи ги во директна комуникација со Отецот, поттикнувајќи во нив копнеж за личен однос со Него. Во тоа се состои новоста на христијанската молитва! Таа е дијалог меѓу личности кои се љубат, дијалог втемелен на доверба, подржуван со слушање и отворен за солидарност. Тоа е дијалогот на Синот и Отецот, дијалогот помеѓу децата и Отецот. Тоа е христијанската молитва.
Затоа им ја дава молитата „Оче наш“, можеби најскапоцениот дар кој ни го остави божествеиот Учител за време на своето земско послание – рече папата Фрањо и продолжи: Откако ни го откри своето таинство на Син и брат, со таа молитва ни помага Исус да влеземе во Божјото татковство. Кога нѐ учи „оче наш“ нѐ воведува во Божјото татковство и ни го покажува начинот како да се влезе во молитвен и директне дјалог со Него, преку детстаката доверба. Тоа е дијалог помеѓу татко и син, син со татко.
Она што го бараме во „Оче наш“ веќе е сѐ остварено, но е и дадено преку Единородниот Син, односно посветување на Неговото име, доаѓање на Царството Божјо, дар на лебот, простување и ослободување од злото – рече папата Фрањо и додаде: Додека бараме, ја отвораме својата рака за примање. Тоа значи да се примат дарови кои Отецот ни ги покаже во Синот. Молитвата која Господ нѐ научи, е синтеза на секоја молитва и секогош ја упатуваме на Отецот во заедништво со браќата. Понекогаш се случува во молитвата да сме растресени, но често чувствуваме дека би запреле на првиот збор: Оче“ и да го почуствуваме во срцето тоа татковство.
Потоа Исус ја кажува параболата за „досадниот“ пријател и вели: Во молитвата треба да се биде упорен“ – рече Светиот Отец и истакна: На памет ми доаѓаат мали деца, кои започнуваат да поставуваат прашања, кои не ги разбираат. Го прашуваат таткото: Зошто? Бараат толкување, но кога таткото ќе започне да им толкува, поставуваа други прашања, не слушајќи го целото толкување. Децата се чуствуваат несигурни во многу работи, кои започнуваат делумно да ги сфаќаат и сакаат на себе само да го привлечат погледот на таткото и затоа нивните „зошто“ се многу.
Ако на „Оче наш“ застанеме само на првиот збор, ќе направиме исто како кога сме биле деца, ќе го привлечеме погледот на Отецот. Да се каже „Оче, оче“ исто е како да се каже „зошто, зошто“ и Тој ќе нѐ погледне. Да молиме од Марија, жената на молитва, соединети со Исус да ни помогне да го молиме Отецот како би го живееле евангелието, водени од Светиот Дух – рече на крајот Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк