Папата испрати порака до монс. Антонио Сети

Папата Фрањо испрати порака до монс. Антонио Сети епископ на италијанската бискупија Вентимиглија- Сан Ремо со која се заблагодарува за напорите на бискупската заедница која искажува восхитувачка евангелска љубов на нашите браќа и сестри кои бегаат од драматичната ситуација на војната.

Сакам да Ви се заблагодарам за напорите на бискупската заедница која искажува восхитувачка евангелска љубов, ставајќи ги на располагање човечките, логистичките и економските средства за помош на нашите браќа и сестри кои бегаат од драматичната ситуација на војната – пишува папата Фрањо до монс. Антонио Сети епископ на италијанската бискупија Вентимиглија – Сан Ремо.

Епископот Сети претходно го информираше Светиот Отец за тешката состојба во градот Вентимиглија заради присуството на голем број мигранти и бегалци кои сакаат да ја поминат границата со Франција. Во својот одговор Папата изразува духовна близина и молитвена подршка за целата бискупија посебно до оние кои се трудат да „излезат во пресрет на потребите на тие луѓе кои бегаат од војната и насилството, барајќи надеж и мирна иднина.“

Папата ги поттикнува епископот Сети, свештениците, луѓето со посветен живот и пасторалните работници да „продолжат со великодушното залагање во прифаќањето и солидарноста за секогаш сѐ повеќе да стануваат „Црква во излегување“, радосна навестителка на евангелието на милосрдието и сведок на надежта.“

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот