Поздравувајќи ги на крајот од Генералната аудиенција верниците собрани на плоштадот Свети Петар, Папата го спомна празникот на Пресветата Евхаристија – Тело Христово и поттикна на молитва до Бог за да бидат способни да се даруваат за другите, радосно служејќи посебно на оние на кои тоа им е најпотребно.
После катехезата одржана на Генералната аудиенција во среда 15 јуни 2022 година папата Фрањо поздравувајќи ги присутните на плоштадот Свети Петар, го спомна празникот на Пресветата Евхаристија – Тело Христово по повод кој во базиликата Свети Петар ќе се служи свечено литургиско славење кое ќе го предводи кардиналот Мауро Гамбети, архипрезвитер и Папски генерален викар за Градот Ватикан.
Празникот на Пресветото Тело и Крв Христови нѐ повикува да излеземе и да го внесеме Господ во секојдневниот живот – рече Папата обраќајќи им се наверниците од германското говорно подрачје и додаде: И да го понесеме таму каде животот се одвива со сите свои радости и страдања. Во поздравот до ходочасниците на шпански јазик Папата пак поттикна на молитва до Бог за да ни даде да бидеме „евхаристиски“ луѓе, благодарни за примените дарови и способни да ги даруваме на другите, служејќи со радост, посебно на оние кои тоа им е најпотребно.
Поздравувајќи ги ходочасниците од Полска Папата објасни дека на празникот на Пресветото Тело и Крв Христови си спомнуваме на вистинското присуство на Бог во Евхаристијата, во лебот и виното и посака евангелизациските концерти кои по тој повод се одржуваат во Полска да побудат во сите вера за да го примаат Телото и Крвта Христови се подлабоко, чувствувајќи ја Неговата љубов. Потсетувајќи на крајот дека во Италија празникот Тело Христово се слави во недела посака: Нека Евхаристијата, таинство на љубовта, за сите вас биде извор на милост и светлина кои ги осветлуваат патиштата на животот, поддршка во потешкотиите и возвишена утеха во секојдневното трпење.
Ватикан њуз/к.мк