Папата Фрањо во базиликата Свети Иван Латерански се сретна со повеќе од 800 свештеници од Римската бискупија и го повика свештенството да сведочи за Христа веродостојно и нивните проповеди да бидат кратки и директни.
„Мисионерска земја“. Вака папата Фрањо во сабота 13 јануари 2024 година ја опиша Римската бискупија на неговата годишна средба со свештенството од Рим, која се одржа во базиликата Свети Иван Латерански.
Папата пристигна кратко по 9.00 часот, а беше пречекан од кардиналот Анџело Де Донатис, бискуспки викар. Над 800 свештеници, од бискупијата и монашките заедници, како и постојани ѓакони кои служат во бискупијата присуствуваа на средбата и во оваа прилика Римскиот бискуп им упати апел за евангелизација на целата црковна заедница. Папата најави и дека ќе продолжи со посета на парохиите во бискупијата, по паузата наметната од пандемијата.
Отворен и пријателски дијалог
Средбата, која траеше околу три часа, според соопштението од Римската бискупија помина „со отворен дијалог и срдечна атмосфера“.
По утринската молитва, кардиналот Де Донатис го поздрави Папата, а потоа се отвори можноста за поставување прашања. Тој ги повика да поставуваат прашања слободно и искрено, при што беа поставени околу триесет прашања.
Папата Фрањо зборуваше за неопходноста од евангелизација во пагански контекст, нагласувајќи ја важноста веродостојно да се сведочи.
Папата ги повика римските свештеници секогаш да простуваат. „Секогаш простувајте; секогаш, мора да се има милост“.
На темата постојани ѓакони, тој истакна дека мора да бидат меѓу народот, да им служат на оние кои имаат потреба.
Како заклучок, папата Фрањо потсети дека проповедите треба да бидат кратки, околу 7/8 минути, директни и мора да го доловат духот на Словото Божјо.
Ватикан њуз/к.мк