Поздравувајќи ги поклониците од различни земји кои се дојдени во Ватикан на Генералната аудиенција, папата Фрањо им се обрати и на Полјаците, потсетувајќи на Денот на независноста на Полска, кој се слави на 11 ноември.
По катехезата одржана од папата Фрањо за време на Генералната аудиенција во среда 10 ноември 2021 година, тој ги поздрави верниците од целиот свет кои пристигнаа во салата Павле VI во Ватикан. Обраќајќи им се на поклониците кои зборуваат италијански, Папата ги поздрави претставниците на здруженијата на свештениците и христијанските здруженија, како и претставници на казнено-поправната полиција, пожарникари и други припадници на безбедносните и одбранбените сили. Посака нивната работа да ја третираат како послание и да ја извршуваат компетентно и со чувство на морална одговорност.
Римскиот бискуп потсети дека на денешен ден Црквата го почитува споменот на свети Лав Велики, Папа и научител на Црквата, кој го посветил својот живот на заштита и навестување на вистината на Евангелието. Во овој контекст, тој ги повика присутните со радост да ја живеат својата вера и да бидат сведоци на љубовта Господова.
Обраќајќи им се на полските поклоници, Папата потсети дека на 11 ноември се одбележува Денот на независноста на Полска. Тој ги цитираше зборовите на свети Иван Павле II. до Полјаците во истата прилика за време на Генералната аудиенција во 2002 година, истакнувајќи дека „со слободата треба да владее љубовта кон Бога, кон татковината и браќата“. „Денес на светот и на Полска им требаат луѓе со силно срце кои служат со понизност и љубов, кои ја благословуваат, а не ја проколнуваат и со својот благослов ја освојуваат сопствената земја“, рече папата Војтила на светата Литургија во полскиот град Сопоти во мај. 1999 година. Папата Фрањо на полскиот народ му посака мир и добро, доверувајќи го на Бога и благословувајќи го со сето свое срце.
Ватикан њуз/к.мк