Папата до персоналот на нунцијатурите: Носете надеж таму каде што недостасува мир

Папата до персоналот на нунцијатурите: Носете надеж таму каде што недостасува мир

Лав XIV се сретна со свештеници дипломати кои работат во Апостолските нунцијатури. Ги повика да бидат сведоци на надежта, со љубов кон Христос, а воедно да го зачуваат својот свештенички идентитет.

Светиот Отец ги прими на аудиенција членовите на дипломатскиот кор кои служат во папските претставништва низ целиот свет. Средбата се одржа на 17 ноември 2025 година во контекст на Јубилејот на надежта, за кој свештениците-дипломати пристигнаа во Рим како ходочесници за да ја зајакнат својата вера и да ги обноват своите обврски. Папата го изрази своето задоволство што се сретна со нив за прв пат во толку голема група.

Службата на свештеници-дипломати е сведоштво за пастирската ревност на Папата

Папата ја рече дека службата на дипломатите не е лесна, бидејќи бара „срце пламено за Бога и отворено за луѓето“, како и учење, самоодрекување и храброст.

Тој посвети посебно внимание на оние кои работат во ситуации на тешкотии, конфликти и сиромаштија, поттикнувајќи ги да го зајакнат својот свештенички идентитет преку таинствата, братското заедништво и послушноста кон Светиот Дух.

Папата ги повика свештениците да бидат одраз на љубовта и близината на Папата кон секоја локална заедница, зачувувајќи живо чувство на заедништво со Црквата (sentire cum Ecclesia).

Светиот Отец ги охрабри дипломатите да градат односи со сите, спротивставувајќи се на искушението на изолација, и да бидат „накалемени во телото на Црквата и историјата на народите“ каде што служат. Тој нагласи дека инкултурацијата не е „фолклорен пристап“, туку плод на желбата да се посветиме на земјата и народот.

Одржувањето на врската со вашата родна Црква значи да не станете „дрво без корења“.

Лав XIV го привлече вниманието на важноста од одржување на врската со локалната Црква од која доаѓаат свештениците, бидејќи губењето на ова чувство на припадност води до демотивација. Ако дрвото продолжи да ги прима своите витални сокови, може да раѓа нови плодови дури и кога е пресадено на друго место. Во тешки времиња, Папата советуваше зајакнување на мотивацијата со зборовите на Свети Августин: „Pondus meum, amor meus“ („Мојата тежина е мојата љубов“).

Папата потсети дека во секое папско претставништво има капела каде што Божјиот Дух зборува во срцето. Тој ги повика свештениците секојдневно да црпат сила од Евхаристијата и молитвата, за да бидат „сол на земјата и светлина на светот“. Лав XIV заврши посакувајќи дипломатите да бидат „ходочесници на надежта“, особено таму каде што на луѓето им недостасува правда и мир.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот