Папата до новите кардинали: Да ја гледаме реалноста

Папата до новите кардинали: Да ја гледаме реалноста

По седум месеци, папата Фрањо повторно ја изрече на латински јазик формулата “… hos Venerabiles Fratres creamus …”, предводејќи го редовниот јавен Конзисториум во базилика „Свети Петар”, на 28 јуни 2017 година попладне, при што креира пет нови кардинали. Многу голема беше возбудата на Жан Зербо, архиепископ на Бамако во Мали, на Хуан Хозе Омела, архиепископ на Берселона во Шпанија, на Андрес Арборелиус, епископ на Стокхолм во Шведска, на Луј-Мари Линг Мангканекун, апостолски викар на Пакс во Лаос, на Грегорио Роса Чавез, титуларен епископ на Мули и помошен епископ на архиепископијата Сан Салвадор во Салвадор.

Исус оди пред своите ученици

Папата го претстави ликот на Исус, кој „оди пред сите во Ерусалим”. Но неговите ученици не ја „гледаат реалноста”. „Сметаат дека ја гледаат, а не гледаат”, појасни Папата. „Мислат дека знаат, а не знаат, дека разбираат подобро од другите, но не разбираат …” Светиот Отец посочи дека реалноста е друга, „онаа која е пред Исус и која му ги води чекорите”. Односно реалноста на „крстот, на гревот на светот, кој Тој ги зеде врз себе”.

Реалноста на страдањето и на неправдите

Папата истакна дека „реалност се невините кои страдаат и умираат поради војни и тероризам; поробување што не престанува да го негира достоинството дури и во времето на човекови права; реалност се бегалските кампови, кои понекогаш личат повеќе на пекол, отколку на рај; реалност е систематското исфрлање на сѐ она што повеќе не е потребно, вклучувајќи ги и луѓето”.

Исус го искорнува злото

Папата истакна дека Исус ја покажа љубовта на Отецот, оздравувајќи ги сите оние кои беа подпаднале под власта на злото”, „искоренувајќи го злото”. Папата Фрањо зборуваше на целата Црква, на новите кардинали, потврдувајќи дека „ние одиме заедно со Исус”, кои „сакаме решително да го следиме” и „повика да ја гледаме реалноста, да не се оттргнуваме од други интереси, од други намери” .Папата заклучи дека „Исус повикува да служиме како Него и со Него да служиме на Отецот и на ближните”. „Следејќи Го, вие исто чекорите пред светиот Божји народ, гледајќи кон Крстот и кон Божјото воскресение.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот