Папата до младите од организацијата „Вера и радост“: Живејте ја културата на инклузивност
На 19 јуни 2019 папата Фрањо упати кратка видео порака до младите од Меѓународната организација „Fe y Alegría“ („Вера и радост“), откако во понеделникот на 17 јуни во аудиенција ги прими членовите на управниот одбор.
Вие сте иднината на човештвото – рече Папата во видео пораката и ги охрабри младите да ја живеат културата на инклузија во која никој не е бескорисен или отфрлен.
Меѓународната организација „Fe y Alegría“ („Вера и радост“), од своето основање во Караказ во 1955 година се грижи за образованието на сиромашните деца. Нејзиниот основач шпанецот исусовецот Хозе Мариjа Велаз сметал дека во вложувањето во образованието општеството може да се промени на подобро. Организацијата делува најмногу во земјите на Латинска Америка, но и во Италија, Шпанија и некои африкански земји.
Светиот Отец на младите им порача дека имаат водечка улога затоа што главно тие го сочинуваа телото на таа организација. Папата рече дека се иднината и сегашноста и дека денес мора работите да се земат во свои раце и да се оди напред со младешкиот ентузијазам и способноста да ги вклучат другите. Исто така истакна дека денешната култура е склона на исклучување на децата кои немаaт пристап до образование, старите луѓе кои не се продуктивни, болните лица и сето тоа што не служи на економскиот, финансискиот и технолошкиот развој.
Тоа е спротивно на она што го предлага „Fe y Alegría“, каде сѐ е вклучено. Сите. Кој е бескорисен? – праша Светиот Отец и додаде, се нуди ли некој од вас? Кој може тоа да го каже? Во „Fe y Alegría“ нема бескорисни, сите се вклучени, на сѐ се смета. Тоа е таинството на инклузијата – заврши папата Фрањо посакувајќи да ја има уште повеќе.
Ватикан њуз/к.мк